Турција изгради бетонски ѕид на границата со Сирија


Турција ја заврши изградбата на бетонскиот ѕид во должина од 764 километри, долж границата со Сирија.

Анкара го започна проектот за изградба на заштитниот ѕид во 2015 година, како дел од мерките за зајканување на безбедноста на границите и борбата против криумчарењето и незаконските гранични премини. Заштитниот ѕид е изграден од бетонски блокови високи три метри, со бодликава жица.