СДСМ и ДУИ победија со Пендаровски


Стево Пендаровски е петтиот претседател на Македонија. Тој извојува победа со околу 60 илјади гласа предност пред кандидатката на опозицијата, во вториот круг од шестите претседателски избори. Зголемената мобилизација на гласачкото тело им обезбеди на двете владејачки партии – СДСМ и ДУИ постигнување на цензусот од над 44 проценти и многу поголемо водство пред ВМРО-ДПМНЕ […]

Последна недела на Иванов во претседателската резиденција


Досегашниот претседател Ѓорге Иванов од денеска ја троши последната седмица во резиденцијата на Водно. В недела, на 12 мај, на Иванов му завршува вториот претседателски мандат. Од евентуалните прегласувања на вториот круг, како и од тоа кога спикерот Талат Џафери ќе ја закаже собраниската седница за инаугурација на новиот претседател, зависи дали тој истиот ден […]

До МВР стигале лажни пријави за нерегуларности


Им честитам на граѓаните и на институциите, имавме изборен ден со незначителен број неправилности, без нарушување на јавниот ред и мир. Вака министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го оцени вториот круг од претседателските избори во кој граѓаните го избраа новиот претседател. За разлика од првиот круг, кога и власта и опозицијата изборите ги нарекоа […]

Хан му ја честита победата на Пендаровски


Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан му ја честиташе победата на новоизбраниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, јави дописничката на МИА од Брисел. -Честитки до Стево Пендаровски за неговиот избор за претседател на Република Северна Македонија, со нетрпение очекувам континуирана соработка за ЕУ агендата во контекст на минатогодишните заклучоци на Советот кои го […]

Силјановска: Знам дека победи противкандидатот, но не ја загубив битката


Вообичаено поразените се чувствуваат лошо, но јас никогаш не сум била поисполнета, рече кандидатот за претседател, Гордана Силјановска – Давкова. Таа им изрази благодарност на околу 370.000 граѓани, колку што и дадоа поддршка, при што станува збор за педесетина илјади повеќе од првиот круг. „Прашање е дали резултатот води кон помирување на обединување и помирување […]

ДИК: Стево Пендаровски е избран за нов претседател


Стево Пендаровски ќе биде новиот претседател на Република Северна Македонија, покажуваат првичните неофицијални резултати од денешниот втор круг на претседателските избори што вечерва ги соопшти претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски. Според податоците на ДИК од обработени над 98 отсто од гласовите, или 3.436 избирачки места, Пендаровски освоил 423.292 гласа или 51,83 отсто, а […]

Заев: Заедно одиме напред со Стево Пендаровски!


Претседателот на СДСМ Зоран Заев, на новоизбраниот претседател Стево Пендаровски, му порача да ги чува граѓаните, да биде правичен и критичен. „Водевме достоинствена и европска кампања. Северна Македонија покажа врвни демократски капацитети. Покажавме уште еднаш дека сме подготвени за Европа. Никој не може да застане на патот на европските перспективи“, рече Заев. „Исходот од денешните […]

(Видео) Пендаровски: Ќе ви служам посветено на сите


Стево Пендаровски, им се заблагодари на насобраните во седиштето на СДСМ, на македонски и албански јазик, порача дека одлучиле да продолжат „Заедно напред“. „Ова денеска беше нашата достоинствена Македонија. Победа на мнозинството граѓани, независно од политичка и етничка припадност. Се обедини и рече продолжуваме заедно напред – никогаш повеќе режим“, рече Пендаровски. „Свечено сакам да објавам […]

И во Ново Село победи кандидатот на СДСМ


На предвремените избори за градоначалник во Ново Село победи кандидатот на СДСМ, Никола Андонов. Предноста пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Стоилков е со 19 гласови. Штабот на СДСМ во оваа општина прогласи победа и таму слават приврзаниците на оваа партија. Од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, според неофицијално преброените гласови, го потврдија водството на Андонов со 17 […]

Преброени над 90 проценти од гласовите: Пендаровски 52,38 отсто, Силјановска 44,06


Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 90,75 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 53,20 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 43,27 отсто. Изразено во гласови Пендаровски има 380.946, а Силјановска 320.393. Неважечки ливчиња се 3,56 отсто […]

СДСМ доби градоначалник во Охрид


Првичните неофицијални резултати од предвремените избори за градоначалник на Охрид укажуваат на победа на кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, Константин Георгиески. Според преброените 29 илјади или 90 проценти од гласовите, Георгиески има убедлива предност од речиси четири илјади гласа пред противкандидатот на ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски. Во изборниот штаб на СДСМ во Охрид веќе […]

Преброени над 80 проценти од гласовите: Пендаровски 53,20 отсто, Силјановска 43,27


Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 81,26 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 53,20 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 43,27 отсто. Неважечки ливчиња се 3,53 отсто. Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до […]

ДУИ: Успешниот процес е извонреден резултат


Во ДУИ на првата прес-конференција по завршување на гласањето истакнаа дека се задоволни од придонесот на партијата во двата изборна круга со што е овозможен цензусот и предноста на нивниот концепт. Сметаат дека успешниот процес е извонреден резултат успешно завршен и во согласност со европските стандарди. -Нашите првични неофицијални проценки се дека има околу 90.000 […]

Претседател ќе биде избран, одѕивот над 40 отсто


Постигнат е потребниот цензус од над 40 проценти за избор на претседател на Републиката во вториот круг на претседателските избори. Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски вечерва на прес-конференција информира дека излезноста до 18:30 часот изнесува 44,50 проценти. Тој оцени дека изборите поминале добро, мирно, достоинствено и без поголеми нерегуларности. На избирачките места досега […]

Заев: Успешни избори за да бидеме рамо до рамо со западниот свет


Денеска е најважно прво да успеат изборите, да имаме успешен избор на претседател на нашата земја. Истовремено од одлуката ќе зависи во кој правец и со какво темпо ќе продолжи да се движи земјата. Јас верувам дека ќе продолжиме со забрзано темпо да се движиме напред, да бидемо рамо до рамо со современиот западен развиен […]

ДИК: Излезноста до 18:30 часот е 44,5 проценти


Излезноста на вториот круг од претседателските избори до 18:30 часот изнесува 44,5  проценти. Гласањето се одвива тековно и нема пријавено нерегуларности на гласачките места, информира на денешната прес-конференција директорот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски. Посочи дека од вкупно обработени 97,6 проценти од податоците од избирачките места досега гласале 795.577 гласачи . Одѕивот на гласањето […]

Мицкоски: Сакаат на насилен пат да се избере претседател


По пет недели кампања во првиот и во вториот круг, по поминати повеќе од 13.000 километри можам да заклучам дека денеска граѓаните треба гласно да зборуваат со пенкалото во рака позади гласачката кутија дали се за ова секојдневие кое денеска за жал е власт предводена од Заев Зоран или, пак, за сето она што ние […]

Излезноста до 17 часот е 38,23 отсто


До 17 часот од стигнати податоци за 99,42 од избирачките места, гласале 665.000 граѓани, што претставува 38,23 отсто од вкупниот број гласачи. Како што рече претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, кога ќе стигант податоците од сите сто проценти изборни места, веројатно ќе бидат повеќе од 660.000 гласачи. Според претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, […]

МОСТ: Одзивот на гласачите до 16 часот бил 34,8 отсто


Невладината организација МОСТ ги објави бројките од текот на претседателските избори до 16 часот, од нивните набљудувачи на гласачките места. Според податоците, одзивот на гласачите до 14 часот бил 26,3 отсто, до 15 часот бил 30,6 проценти и до 16 часот бил 34,8 проценти. На гласачко место во Куманово, гласач гласал и сакал да го […]

ЦИВИЛ: Помагал на сопругата да гласа, па со прст ѝ покажал што да заокружи


ЦИВИЛ констатира повеќе помали неправилности во текот на гласањето на вториот круг на претседателски ибори. Така во Тетово, на сите ИМ нема ознаки за забрането внесување оружје, забрането сликање и снимање, а во Кисела Вода забележано е дека членовите на ИО немаат беџ, додека пултот за лица со посебни потреби не е достапен или воопшто […]