Министерките „обезбедени“ како ретки појави


Ниту една министерка нема да биде опфатена со претстојната владина реконструкција. Премиерот Зоран Заев објави вчера дека им се сигурни министерските места на Радмила Шекеринска, како вицепремиерка и министерка за одбрана на Рената Тренеска Дескоска од правда, на Мила Царовска од труд и социјална политика и на министерката без ресор Зорица Апостолска од редовите на […]

Вардарци им се заблагодарија на навивачите за неверојатниот дочек


Ракометарите на Вардар доцна синоќа од специјалната бина на плоштадот во Скопје им се обратија на десетиците илјади фанови кои повеќе од три часа ги чекаа своите миленици. Стоилов: Скопски Вардар, европски првак. Моите соиграчи се најголеми амбасадори на нашата држава. Голем дел не се Македонци, ќе си отидат во своите држави, но ќе кажуваат […]

Пендаровски: Членството во НАТО е клучен кохезивен фактор во нашето мултиетничко општество


Во сиот свој професионален работен ангажман ме водеше идејата да помогнам во процесите кои денес ја донесоа државата до полноправно членство. Ве уверувам дека како претседател на Северна Македонија во мене и во мојот тим имате партнер и поддржувач на се она што е и ќе биде регионален и глобален приоритет на Алијансата, истакна претседателот […]

Николовски: До крајот на неделава појасна слика за реконструкцијата на Владата


Во тек се консултациите на премиерот со коалициските партнери и очекувам до крај на неделава да имаме сериозен исчекор за концептот на работата на Владата  и предлозите што премиерот треба да ги достави до Собранието, изјави денеска генералниот секретар на СДСМ и министер за земјоделство Љупчо Николовски. Николовски очекува дека во наредните денови ќе има […]

На Заев му останаа уште многу ветувања и половина мандат


Со трибина во еден скопски хотел, владата на СДСМ и на ДУИ одбележа вчера две години откако беше избрана во парламентот. Оттогаш досега во кабинетот на Зоран Заев се случија повеќе кадровски смени, па и промена на партнери, односно проширување на коалицијата со Алтернатива и ДПА, откако Алијансата за Албанците замина од владата. Со оглед […]

Градот Скопје ќе плати 39.500 евра за летот на ракометарите на Вардар


По повод историскиот успех на градскиот ракометен клуб Вардар скопскиот градоначалник Петре Шилегов побара од советниците на РК Вардар, Град Скопје да му даде награда во износ од шест милиони денари. -Од синоќа сум во контакт со управата на Ракометниот клуб, успеавме да обезбедиме чартер лет за клубот. Износот е 39.500 евра на авионот. Ќе […]

Интервју со Арбер Адеми: Сакаме да создадеме пообучени генерации од претходните


Министерот за образование и наука Арбер Адеми тврди дека континуирано работи младите да имаат подобри услови за едукација и можности веднаш по образованието да се вработат. Според него, реформата на средното стручно образование е најкрупната што се случува во земјава бидејќи над 1.000 нови модуларно дизајнирани наставни програми ќе почнат да се применуваат од септември […]

Заев: Бенефитите од членството во НАТО веќе се видливи


Одржувањето на денешниот состанок на Северноатланскиот совет на НАТО во Скопје е најсилната политичка потврда за нашето извесно полноправно членство во Алијансата. Република Северна Македонија ќе биде 30-та земја членка на НАТО, потенцира премиерот Зоран Заев во обраќањето пред почетокот на состанокот на Североноатлантскиот совет со кој претседава генералниот секретар Јенс Столтенберг. Ова е реализација […]

Столтенберг: Членството е важно за Северна Македонија, но и за НАТО


Интеграцијата на Северна Македонија во НАТО ќе биде во фокусот на денешниот состанок на Северноатлантскиот совет со Комитетот за интеграција на земјава во Алијансата, што се одржува во Скопје. -Наскоро 30. членка на НАТО, Република Северна Македонија денеска тука е домаќин на 29-те сојузници, порача денеска на почетокот на состанокот генералниот секретар на НАТО, Јенс […]

(ВИДЕО) Обраќања на Столтенберг и Заeв


Премиерот Зоран Заев и на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг учествуваат на седницата на Северноатлансткиот совет (НАК) и Комитетот за интеграција на Република Северна Македонија во Алијансата. Заев и Столтенберг имаат обраќања, по што подетално ќе се разговара за преоцесот на пристапување на земјава во НАТО и за напредокот на реформите.

Кралеви за победа: Стинг и Влатко ја славеа шампионската титула на „Вардар“


Наш, гитарски виртуоз, Влатко Стефановски и светски, кој не се симнува од музичкиот врв, Стинг , синоќа, со цела Македонија на Градскиот стадион ја славеа шампионската титула на РК „Вардар“ . Во амбиент на еуфорија на улиците на Скопје, засиленото полициско обезбедување и немањето паркинг за жива глава, скопската фаца од Дебар маало беше одлично, […]

Оставка или нов политички трик на Груевски


Во парламентот не е стигната пратеничката оставка што поранешниот премиер, а сега бегалец од правдата, Никола Груевски, ја најави среде викенд преку социјалните мрежи. Ако стигне во меѓувреме и ако овој собраниски состав ја потврди, тоа, всушност, ќе значи петто демисионирање на некогашниот премиер од законодавниот дом. Во четирите претходни собраниски состави, од 2006 година […]

Столтенберг: Со нетрпение ве очекуваме како триесеттата членка на НАТО


Со нетрпение ја очекуваме Северна Македонија како 30-та членка на Северноатланстаката алијанса, порача генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на синоќешниот прием во Собранието што за него и за 29-те амбасадори на Алијансата, го приреди собранискиот спикер Талат Џафери. – Наскоро, кога процесот на вашето пристапување ќе биде завршен, со нетрпение ќе ја пречекам  Северна […]

Европскиот ракометен трон повторно е „црвено-црн“: Вардар до втора титула во ЛШ!


Македонскиот шампион Вардар е нов европски ракометен шампион. Екипата на Роберто Гарсија Парондо забележа победа во финалето на „Ф4“ во Келн против Веспрем со 27:24 (16:11). Играчите на Роберто Парондо играа одлично во првото полувреме, сосема спротивно од вчерашниот прв дел против Барселона кога „црвено-црните“ губеа со седум гола, но на крајот сепак успеа да […]

До Владата упатени предлози што да подобри и на што да се фокусира


Во наредните две години од мандатот Владата да работи на подобрување на условите за бизнис, да не дозволи да има случаи во кои ќе биде жртвувана правдата, да покаже нулта толеранција против корупцијата, да ја врати довербата на граѓаните во институциите, да ги спроведе реформските закони што ги покриваат проблемите на ранливите групи во општеството, […]

Заев: Граѓаните од Северна Македонија чекаат Европа да ја исполни својата задача


На двегодишнината од формирањето на Владата, премиерот Зоран Заев посочи на резултатите што се постигнати во изминатиот период посочувајќи дека суштинските промени се забележани и во Извештајот на ЕК за напредокот на Северна Македонија. Заев нагласи дека сега граѓаните на Северна Македонија и Владата чекаат јасен потег од Европската унија и датум за почеток на […]

(ВО ЖИВО)Форум „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“


Владата, по повод две години од нејзиното формирање, денеска организира форум со учество на премиерот, вицепремиерите, универзитетски професори, академици, бизнисмени и граѓански активисти. На форумот, насловен „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“, ќе се одржат две сесии. На првата сесија „Промени 2017 – 2019: Од поделено и изолирано општество пред колапс, до стабилно, солидарно […]

Стинг пристигна во Скопје, се монтира бината за вечерашниот концерт


Сè е подготвено за вечерашниот коцнерт на Стинг на Градскиот стадион во Скопје. Како што соопшти Авалон продукција, Стинг вежепристигна во земјава и се прават завршните подготовки. „Стинг веќе пристигна во Скопје и неговата екипа работи на монтирање на бинската опрема на импресивнaта бина. Се очекува на концертот да присуствуваат повеќе од 25.000 посетители од […]

Интервју со Наташа Габер-Дамјановска: Државата плаќа за обуката на идните судии и обвинители


Околу 670 кандидати се „борат“ за 60 места во Академијата за судии и јавни обвинители. Директорката на Академијата, Наташа Габер-Дамјановска, во интервју за „Независен весник“ открива колку судии и обвинители недостигаат во Македонија и детално образложува што сè треба да положат идните судии или обвинители. За стручните соработници вели дека нема да се дозволат скратени […]

После палмите се отстрануваат и билбордите во Охрид


Екипи на охридските јавни претпријатија по налог на локалната власт започнаа со отстранување на билбордите низ градот, како една од забелешките наведени во Извештајот на УНЕСКО. Отстранувањето на билбордите следува откако неодамна согласно истите забелешки на УНЕСКО беа отстранети и пламите долж крајбрежјето како неавхтон вид растенија за охридското поднебје. Двете активности се насока на […]