На местото на Груевски ќе седне Ѓоко Камчев


Денеска на дневен ред на собраниската седница е предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски на кого, сепак, ќе му биде констатирана оставката која ја поднесе од Будимпешта.

На местото на експремиерот ќе седне Ѓоко Камчев.

Камчев е роден е на 4.10.1975 во Валандово. Тој е дипломиран политиколог. Тој беше пратеник и во претходниот собраниски состав од 2014 до крајот на 2016 година.