Среќни и испотени: Спектакуларен концерт на Чолиќ во Скопје


Среќни и испотени бевме синоќа на спектакуларниот концерт на на балканската поп-ѕвезда Здравко Чолиќ (68) на Градскиот стадион. Третиот во низа во Скопје, по двата лани во ВИП Арената, во организација на „Прагма продукција“, повторно ни донесе возбуда, спомени од младоста, и надеж како полесно да се помине староста. На концертите на Чолиќ, најомилената наша […]

Ќе составува ли Заев втор кабинет на „Илинденска“?


Метлата што симболично ја најави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на 22 април, ден по првиот круг од претседателските избори, по речиси два месеци се покажа поефикасна на „Бихаќска“ отколку на „Илинденска“. Во партијата во полн ек е назначување на нови и старо-нови претседатели на општинските организации, а на седницата на Централниот одбор […]

Од понеделник таблици со Северна: Дали возачите сами ќе ги плаќаат?


Министерството за внатрешни работи од понеделник ќе започне со издавање нови регистарски таблички со ознаката „NMK“. Замената на старите регистарски таблички со новите ќе се врши постепено при регистрација на автомобилите. Нејасно е дали возачите ќе мораат да ги платат новите таблички, кои во моментов чинат по 1.200 денари како што е случај при прва […]

Ердоган во Охрид поради Алипашината џамија


Турската амбасадорка во Северна Македонија, Тулин Еркал Кара денеска ја посети Алипашината џамија во Охрид, притоа најавувајќи дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ќе допатува на свеченоста по повод промовирањето на реконструираниот верски објект. Таа уште истакна дека се работи на усогласување на терминот со македонските власти за присуство на свеченото отворање на обновената […]

Рама му се налути на Пендаровски: Не е праведен, изненадува…


Албанскиот премиер Еди Рама попладнево преку Фејсбук реагираше на изјавата на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски во која тој вели дека раздвојувањето на Северна Македонија од пакетот со Албанија, не е добро, но е единствен можен начин за добивање зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ. Рама овој став на претседателот Пендаровски го смета […]

Тинејџер скокнал во Матка, ја удрил главата во карпа


Деветнаесетгодишно момче се здобило со тешки повреди на главата во несреќа на кањонот Матка. Од МВР информираат дека момчето вчера околу 18.30 часот итно било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. „Според пријавеното, околу 18.10 часот во кањон Матка, додека седеле, Ч.Н. се решил да плива и од висина скокнал во езерото. Според пријавата, најверојатно […]

Овчар од Косово пронајден мртов кај Велес


Четириесет и осумгодишен маж од Косово е пронајден мртов вчера околу 15.30 часот во близина на бачило во атарот на велешкото село Количари. Според полицијата, тој утрото околу 6.30 часот излегол да ги напасува овците. Околу 14.20 часот, газдите на бачилото му вртеле на мобилен телефон, но тој не се јавувал, по што тргнале да […]

Гори на Халдики, не се гледа патот од Солун кон Неа Мудања


Шума и сува трева горат во реонот на Каламици, на вториот крак на Халкидики – Ситонија во Грција, а пожарот брзо се шири, објавија грчките медиуми. Во борбата со огнот се ангажирани 14 противпожарни екипи и 24 пожарникари. Подготвен е и специјален авион за гаснење. Корисниците на социјалните мрежи пишуваат дека видливоста на патот од […]

Тимоние: Претстојните месеци да се искористат за да може реформската агенда целосно да се спроведе


Одредени реформи се веќе спроведени, остануваат и други реформи што треба да се спроведат и навистина билансот е веќе направен. На почетокот на летово ќе има важни средби што ќе се одржат, но исто така и на почетокот на есента. Рано е да се прават анализи. Се наоѓаме во суштинскиот период за Европската Унија, впрочем исто […]

Изминатава недела 70 граѓани заболеле со морбили


Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата на мали сипаници во земјава е 29.857. Од нив, 15.250 деца се вакцинирани на територија на градот Скопје, додека пак, во останатиот дел од државата вакцинирани се 14.607 деца, информира денеска Министерството за здравство. -Родители ја препознаа важноста […]

Пренасочување на сообраќајот поради концертот на Чолиќ


Одделението за безбедност на патниот сообраќај денеска од 18 до 23 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот поради концертот на пејачот Здравко Чолиќ, што ќе се одржи на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20 часот. Како што соопшти денеска МВР, ќе има периодично пренасочување на сообраќајот на булеварот „Илинден“, […]

САД се фокусирани на постигнување консензус за нападите во Оманскиот Залив


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е фокусирана на создавање меѓународен консензус за нападите врз нафтените танкери на Блискиот Исток, за кои САД го обвинуваат Иран, изјави американскиот вршител на должност министер за одбрана Патрик Шенахан. – За мене и за советникот за национална безбедност Џон Болтон, како и за државниот секретар Мајк Помпео фокусот […]

Времето денес сончево и топло со температура до 36 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде 9, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а дневната од 28 до 36 степени. Во Скопје и околината […]

Богоевски: Сега немам пратенички имунитет, институциите нека си ја завршат работата


  Доскорешниот пратеник Павле Богоевски, кој си даде оставка од функцијата, по аферата со наводно нелегално нарачување масло од канабис, за болен член од семејството, во емисијата „Само вистина“ вели дека сега нема пратенички имунитет и дека очекува институциите да го истражат случајот. „Јас сум човек без имунитет, без пратеничка функција, ги повикувам органите на […]

Попишувачите на терен во Прилеп и во Долнени за констатирање на пописните кругови, жителите излегуваат во пресрет


Пробниот попис на населението, становите и домаќинствата во 13 општини во земјава, помеѓу кои се по два пописни круга во Прилеп и во Општина Долнени започна денеска. На теренот од изутрината се по двајца попишувачи со инструктор од Државниот завод за статистика во двете општини. Инструкторите и попишувачите се среќаваат со жителите и ги одредуваат […]

Честитки од Трамп и Путин до Пендаровски


По повод изборот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, писма со честитки испратија голем број светски државници и меѓународни организации. Претседателот на САД, Доналд Трамп, во писмото со честитки до претседателот Пендаровски, пишува дека денес, нашите две нации се поблиски од кога било претходно. „САД силно ја поддржува Северна Македонија, која го зазема своето […]

Спасовски: „Големите ѕверки“ да бидат третирани како граѓаните


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не престанува со апелите до судиите и јавните обвинители сите да ги третираат исто, односно „големите ѕверки“ да бидат на ниво на обичните граѓани. Откако ниту еден судија и обвинител не се препозна во неговите повици и претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев порача дека одговорноста треба да се […]

Мали, а големи во свирењето: Јан Стефановски и Иван Кукиќ се новите музички ѕвезди


По години мали, по свирење се големи. Имаат звучни презимиња, а и личат на татковците. Тие се Јан Стефановски (18) и Иван Кукиќ (21) – двоецот на тапани и бас-гитара од „Влатко Стефановски трио, верзија 3“ кои стануваат новите музички идоли на македонската сцена со својата професионалност и скромност. Едниот од Скопје, другиот од Струмица, […]

На булеварите се вози како на автопатишта: Возачот на смртта кај Пинтија имал 16 казни


Булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, порано познат како „Првомајска“ од тесна уличка, која беше синоним за скопските гужви, стана широк булевар со четири коловозни ленти. Сега возачите се растоварени, но големата брзина со којашто се вози зема се поголем број на жртви. Последната трагедија на булеварот се случи завчера вечерта околу 22 часот кога се […]

Скандал: Алиоски избркан од ресторан, бидејќи со своето семејство зборувал на албански јазик, реагира ФФМ


Фудбалската федерација на Македонија најостро го осуди говорот на омраза чија последна жртва беше нашиот репрезентативец и фудбалски амбасадор, Езџан Алиоски. „Ние како федерација и институција која е социјално одговорна и се залага за развој на позитивните вредности во општеството секогаш ќе стоиме на страната на правичниот третман и почитувањето, без оглед на верската, националната […]