Унгарија едногласно го ратификува Протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО


Парламентот во Будимпешта денеска едногласно го ратификувал протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. За протоколот, како што соопштија од македонскиот парламент, гласале „за“ сите 153  присутни пратеници.

На чинот на ратификацијата на протоколот во Унгарија присутвуваше денеска и претседателот на македонското собрание Талат Џафери, на покана на претседателот на Националното собрание на Унгарија.

Проценките на македонскиот државен врв се дека до крајот на годинава сите 29 земји членки, вклучително со САД, ќе ги завршат процедурите за ратификација на протоколот, по што нашата земја, за релативно кратко време, и официјално ќе стане 30.членка на Алијансата.