Алсат: Хисни Исмаили нов министер за култура


Хисни Исмаили, професор на тетовскиот универзитет ќе биде новиот министер за култура, јавува Алсат повикувајќи се на извори од Владата. Пред еден месец од министерството за култура оставка си даде Асав Адеми. Тој тогаш рече дека одлуката ја донеле заедно со лидерот на неговата матична партија „Алтернатива“, Африм Гаши. Појаснуви дека на 22 април побарал …

Алсат: Хисни Исмаили нов министер за култура Read More »

Отворените листи поважни од бројот на изборни единици


Ќе се загуби ли повторно на политичкиот хоризонт силниот глас што доаѓа од партиските џинови за квалитативна промена на изборниот модел? Експертите не се убедени дека големите партии се подготвени да создадат услови за еднакви изборни шанси за сите, односно да ја изгубат својата монополска улога. Во изминативе години, јасно е дека изборниот систем им …

Отворените листи поважни од бројот на изборни единици Read More »

За МКЦ ќе пресече Шилегов, културните работници против Шакири да биде директор


Кој ќе застане на чело на една од ретките институции од областа на културата која во изминатава декада и повеќе во континуитет редеше успеси и внимателно ја негуваше независната културна сцена? Младинскиот културен центар е едно од омилените прибежишта од политизираните секојдневија на илјадници љубители на уметноста од различни генерации. Град Скопје, под чија капа …

За МКЦ ќе пресече Шилегов, културните работници против Шакири да биде директор Read More »

МОН попушти под притисокот на родителите, сите учиници ќе се запишат без дополнителни тестови


Министерството за образование и наука донесе одлука и во средното стручно училиште „Димитар Влахов“ во Струмица кандидатите кои конкурирале за упис во училиштето да не полагаат приемен испит, велат за „Независен весник“ од МОН. Ваквата одлука Министерството ја донесе доцна синоќа, околу 21 часот, а со таа одлука 38 кандидати ќе бидат запишани во постоечката …

МОН попушти под притисокот на родителите, сите учиници ќе се запишат без дополнителни тестови Read More »

Само Мицкоски не отиде кај новиот претседател


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е можеби единствениот порелевантен лик на политичката сцена во земјава кој еден и пол месец по инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски не стапнал сè уште во неговиот кабинет. Откако Пендаровски уште во инаугуративниот говор остави широко отворени врати за соработка со опозицијата, низ претседателската резиденција во изминатиот период продефилираа …

Само Мицкоски не отиде кај новиот претседател Read More »

ЕУ носи одлуки против своите вредности


Поделбите во Европа и интересите на државите што ја основаа ЕУ се главната причина за новото одложување на датумот за преговори со Македонија и Албанија. Ова е генералната оценка на многу дипломати во главните европски престолнини, вклучувајќи и функционери во Европската Унија за (не)очекуваниот студен туш испорачан од министрите на нивниот состанок во вторникот во …

ЕУ носи одлуки против своите вредности Read More »

Герберих и Тимоние: Прашањето не е дали, туку кога ќе почнат преговорите, дотогаш фокусот да биде на реформите


Северна Македонија испиша успешна приказна на Западен Балкан. Советот на ЕУ во Брисел денеска нема да донесе одлука за датумот бидејќи се уште нема одлука од германскиот Бундестаг. Затоа одлуката за датум се помести за октомври. Лично сум убеден дека уште оваа година ќе може да има само една одлука, а тоа е да се …

Герберих и Тимоние: Прашањето не е дали, туку кога ќе почнат преговорите, дотогаш фокусот да биде на реформите Read More »

Сеад Кочан за триесетина дена треба да оди во затвор


Бизнсименот Сеад Кочан кој е осуден на четири години и осум месеци затвор во предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство доби упатен акт и на 17 јули, односно за триесетина дена, треба да оди во затвор. „Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како …

Сеад Кочан за триесетина дена треба да оди во затвор Read More »

„Дејли телеграф“: Макрон ја „држи Македонија како заложник“


Британскиот весник „ Дејли телеграф“ пишува дека дипломатите во Брисел го обвинуваат Емануел Макрон, кој себеси се портретира како жесток еврофил, оти ги блокирал преговорите меѓу Брисел и Скопје за Македонија да ѝ се приклучи на ЕУ. „Брисел го користи морковот за членство во ЕУ за да ја убеди Северна Македонија да ги прифати контроверзните …

„Дејли телеграф“: Макрон ја „држи Македонија како заложник“ Read More »

Повеќе одлични ученици отколку места во гимназиите


  Метеж од полуматуранти и родители пред скопската гимназија „Орце Николов“, каде што за упис поднеле пријави 404 деца, а во училиштето со конкурсот предвидено е да се запишат 285 ученици во 9 паралелки. Полуматурантите не сакаат да се откажат од нивната одлука да бидат запишани во гимназијата, велат дека го избрале училиштето бидејќи нуди …

Повеќе одлични ученици отколку места во гимназиите Read More »

Шест децени од техничките факултети: Не постои општествена пора во која не придонел инженер


Претприемничкиот дух и иновациите го движат светот, а нашата земја нема друг избор освен да чекори напред и да ги следи новите модерни трендови на дигиталното поврзување и трансформација. Наша цел е многу бргу да ја обезбедиме иднината на техничките науки, преку финансирање опрема за лаборатории како предуслов за развој на капацитетите на научните работници и …

Шест децени од техничките факултети: Не постои општествена пора во која не придонел инженер Read More »

Опозицијата бара оставки, власта нуди само реконструкција


Опозицијата вчера бараше оставки од премиерот Зоран Заев, вицепремиерите Радмила Шекеринска и Бујар Османи, како и од шефот на дипломатијата Никола Димитров, како реакција на заклучокот на европските министри со кој одлуката за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ се одложува до октомври годинава. Иако во заклучокот од министерскиот совет во Луксембург силно …

Опозицијата бара оставки, власта нуди само реконструкција Read More »

Заев и Лајчак согласни: Договорот од Преспа е фокусиран на иднината, не на минатото


Работиме напорно на реформите и на одржување пријателски односи со соседите, обезбедивме безбедност и стабилност во земјата, водејќи се од европските вредности како владеењето на правото, инклузивен процес за носење на законите, независно судство. Сметаме дека одлуката за почеток на пристапни преговори е важна не само заради нас, туку и заради пораката којашто ќе се …

Заев и Лајчак согласни: Договорот од Преспа е фокусиран на иднината, не на минатото Read More »

Заев до петок ќе достави предлози за реконструкција на Владата


Долгонајавуваната реконструкција на владата, најверојатно ќе се случи во петок, а како што најави денеска премиерот Зоран Заев планира до петок да ги доставам предлозите за реконструкција на Владата зошто Парламентот на почетокот на идната недела планира седница. „Ако тоа се случи во понеделник или вторник следната недела веднаш по изгласувањето на реконструкцијата продолжуваме со …

Заев до петок ќе достави предлози за реконструкција на Владата Read More »

Димитров: Призната е нашата реформска агенда, проблемите ги решаваме


Ги добивме заклучоците од Советот за општи работи од Луксембург вчера во кои ја вреднуваат и ја признаваат нашата реформска агенда, но и нашата нова надворешна политика што не трга поглед од проблемите, туку ги решава. Ќе бидеме задоволни кога ќе ја добиеме и одлуката на есен и кога ќе бидеме во организација на првата …

Димитров: Призната е нашата реформска агенда, проблемите ги решаваме Read More »

Лајчак: Ниту една земја не рекла не за преговорите со Северна Македонија


Ниту една земја не рекла не за преговорите со Северна Македонија и Европската Унија на вчерашниот министерски состанок во Луксембург, вели министерот за надворешни и европски работи на Република Словачка и актуелен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Мирослав Лајчак. Тој, денеска во Скопје оствари средба со македонскиот министер за надворешни …

Лајчак: Ниту една земја не рекла не за преговорите со Северна Македонија Read More »

Златни дипломи добија првите 60 студенти на Техничкиот факултет


На шеесетина студенти, кои дипломирале пред 50-ина години на тогашниот Технички факултет, отсек електро при Универзитетот „Кирил и Методиј“, вчера Факултетот за електротехника и информациски технологии им додели златни дипломи. Софија Богданов и Томе Ташев, првите студенти кои дипломирале во периодот 1964-1969 година на електро, велат дека иако тогаш немало учебници и лаборатории на факултетот, …

Златни дипломи добија првите 60 студенти на Техничкиот факултет Read More »

Османи: Почетокот на преговорите со ЕУ ќе ги зацврсти европските перспективи на Западниот Балкан


Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска се сретна со министерот за надворешни и европски работи на Република Словачка, Мирослав Лајчак, кој престојува во посета на земјава, информираат од СЕП. -Интеграцијата на Северна Македонија, но и на земјите од регионот во ЕУ, претставува значаен елемент во изградбата на постабилна, побезбедна и попросперитетна Унија, и …

Османи: Почетокот на преговорите со ЕУ ќе ги зацврсти европските перспективи на Западниот Балкан Read More »

Кој ги разводнува злоделата од прислушувањето?


Критиките на Специјалното јавно обвинителство за одолговлекувањето на нивниот клучен предмет во којшто треба да се докаже кој прислушувал илјадници функционери и граѓани, стигнаа до судиите. На вчерашното рочиште, Сашо Трајковски, инженер вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање, во детали одговараше на прашањата на СЈО и објаснуваше како се маркирало и прислушувало во Управата …

Кој ги разводнува злоделата од прислушувањето? Read More »

Лајчак во интервју за МИА: ЕУ мора да го исполни ветеното за Северна Македонија, достигнувањата од Преспа се неповратни


Северна Македонија стигна подалеку отколку што можеше да се претпостави пред неколку години и сега е време да се наградат напорите на државата. Дискусиите за датумот за преговори продолжуваат, а неколку месеци нема да направат голема разлика за граѓаните на Северна Македонија. Оваа година мора да го донесе заслужениот успех за отворање ново поглавје во односите …

Лајчак во интервју за МИА: ЕУ мора да го исполни ветеното за Северна Македонија, достигнувањата од Преспа се неповратни Read More »