„Дејли телеграф“: Макрон ја „држи Македонија како заложник“


Британскиот весник „ Дејли телеграф“ пишува дека дипломатите во Брисел го обвинуваат Емануел Макрон, кој себеси се портретира како жесток еврофил, оти ги блокирал преговорите меѓу Брисел и Скопје за Македонија да ѝ се приклучи на ЕУ.

„Брисел го користи морковот за членство во ЕУ за да ја убеди Северна Македонија да ги прифати контроверзните и широки реформи, вклучувајќи ја и промената на името на земјата за да стави крај на деценискиот горчлив спор со Грција.

‘Французите го намалија нашиот морков’, рече еден извор од ЕУ: ‘Ова е шлаканица во лицето на Северна Македонија, која направи сѐ како што треба“.

„Телеграф“ оценува дека блокадата на Макрон за Македонија била поради „неговиот сон за потесна политичка интеграција во Европската Унија“.