Нови 657 случаи на Ковид-19, 920 оздравени и 31 починато лице


Во изминатите 24 часа се регистрирани 657 нови случаи на Ковид-19, од направени 2.347 тестирања. Во истиот период регистрирани се и 920 оздравени, но и 31 починато лице.   Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2347 тестирања, а регистрирани се 657 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-323, Куманово-23, Штип-8, Прилеп-38, […]

Допрва ќе се види какви ќе бидат економските последици од бугарското вето: Интервју со Кирил Лазаров


Во секоја прилика потенцирам дека е важно да се надминат политичките недоразбирања, затоа што истите ќе се преточат на економско ниво, а нема солидни инвестиции таму каде што има можност за нестабилна политичка клима, вели претседателот на Македонско–бугарската стопанска комора и сопственик на „Никоб“ Кирил Лазаров   Мирче Јовановски Нагорниот тренд на македонско-бугарската економска соработка […]

Барател на азил вели: За мене С. Македонија е Германија


Неговата приказна почнува пред десетина години, кога на возраст од 14 години, со штотуку завршено основно образование, бил принуден да ја напушти својата земја. Сега среќата ја гради тука Билјана Богдановска Знае десетина јазици, седум што се зборуваат во неговата земја и уште неколку што попатно ги научил, како и турски, англиски и германски. Македонски […]

Влада: Бугарија го потврди ветото, ЕУ не ги одржа своите ветувања


Владата на Република Северна Македонија по повод денешните заклучоци на Комитетот на постојани претставници (КОРЕПЕР) изразува разочарување што ЕУ не најде начин да донесе позитивна одлука за усвојување на Преговарачката рамка, што ќе овозможеше првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија да се одржи до крајот на 2020 година, за време на германското претседавање […]

ЕУ ги потврди заклучоците за проширувањето со промените за историјата што ги бараше Софија


БРИСЕЛ – Заклучоците за проширувањето кон Западниот Балкан се потврдени попладнево од страна на 27-те амбасадори на ЕУ во Брисел, со референца за „погрешно толкување на историјата“ и долгото име на Северна Македонија. Според информациите на МИА од повеќе дипломатски извори во Брисел, заклучоците се одобрени попладнево од страна на сите земји, без промени во однос […]

Пендаровски: Полуписмени и шарлатани не смеат да ни решаваат за справување со Ковид-19


Претседателот Стево Пендаровски во редовното годишно обраќање пред пратениците упати силен апел празниците да ги прославиме во кругот на најблиските, бидејќи премногу луѓе изгубивме од епидемијата за да дозволиме нови човечки и семејни трагедии. Поминавме низ голгота што не паметат многу генерации зад нас, изгубивме над 2.000 граѓани, и кога издржавме цела година со мерките, […]

Основците ќе учат споено биологија со физика и хемија, а историја со географија


Една од најголемите новини во наставниот план за основното образование е планот за комбинирање на повеќе предмети во нови со што би се намалил бројот на часовите, а за ова беше дискутирано на вчерашната консултативна средба за новата Концепција за основното образование. Во новата концепција се предвидува групирање на предметите биологија, хемија, физика и дел […]

Царовска: Во услови на пандемија се трудевме да обезбедиме квалитетно образование


Организирање на учебната година, кога светот се соочува со пандемија од корона вирус, беше најголемиот предизвик за новата министерка за образование и наука, Мила Царовска, која смета дека со тој проблем, успешно се справиле. – Во сите наши постапки и одлуки се водевме од општиот, државниот интерес и правата и интересите на учениците, но и […]

Ѓоргиев: Има простор за подобрување и во македонските и во бугарските учебници


Синтагмата „заедничка историја“, која не е дефинирана во самиот Договор за пријателство, се претвори во една од главните пречки во работата на Комисијата, пред сѐ, поради едностраното толкување, дека всушност таа означува историја на еден народ, односно на бугарскиот, започнувајќи од IX век па сѐ до 1944 година. Таквото толкување е неодржливо и неприфатливо, и […]

Проширувањето на ЕУ повторно на дневен ред – последни обиди да се тргне бугарското вето за Македонија


Во очекување на амбасадорскиот состанок на кој германското претседателство повторно ги враќа заклучоците за проширувањето на ЕУ, вклучително и за Северна Македонија, кои беа отстранети минатата недела поради блокадата на Бугарија за преговорите со Северна Македонија, шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева излезе со нови обвинувања против Скопје, а нејзиниот колега Бујар Османи со идеја […]

Короната го украде Божиќ во Европа


Затворање за „корона Божиќ“ речиси во цела Европа. Сепак, по неколкумесечни строги мерки, кои вклучуваа затворени кафулиња, ресторани и продавници, добар дел од Италија се врати во „жолтата зона“ од неделата, што донесе отворање на угостителските објекти и продавниците. Многу жители на најголемите градови едвај го дочекаа тоа, па навалија во кафулињата, рестораните и во […]

Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести – кафеаните ќе работат до 18 часот, забранети прославите


Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести – кафеаните ќе работат до 18 часот, а забранети се и прославите во периодот од 18 декември до 20 јануари на полноќ, соопшти денес на прес конференција премиерот Зоран Заев. „Ситуацијата налага акција и ние како одговорна влада ги преземаме овие рестриктивни мерки за време на […]

Најлошата бугарска инфраструктура со соседна земја е – со Македонија


Кога македонскиот премиер Зоран Заев ја посети Бугарија за Берлинскиот процес на 10-ти ноември, првичниот план беше да остане следниот ден за да разговара за економски прашања.  „За жал, кога завршија разговорите на 10 ноември, тој се сврте и си замина. Политиката го жртвува бизнисот“, изјави за бугарски „Дневник“ Пламен Павлов, претседател на Бугарската трговско-индустриска […]

Последниве три години Бугарија нема изградено речиси ништо на Коридорот 8


Меѓу Македонија и Бугарија во моментов има три гранични премини. За другите два македонската страна со години чека Бугарија да се заинтересира да вложи средства. На преминот „Клепало“ кај Берово Македонија не само што изгради пристоен пат, туку и зграда за царината и полицијата. Од другата страна уште нема ништо   Иван Бојаџиски ШТИП – […]

Владата не смее да потклекне на притисокот на угостителите


Ангела Меркел во Бундестагот гневно им порача на Германците дека е неприфатливо да има толку многу починати секој ден и владата потоа усвои многу строги мерки. Кај нас угостителите, поради нивен интерес, ја пристискаат Владата да ги олабави мерките, мислејќи само за себе, а не на јавното здравје   Мирче Јовановски Дали Владата ќе ги […]

Од Ковид-19 починаа уште 26 пациенти, новозаразени само 213


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 741 тестирања, а регистрирани се 213 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-103, Куманово-16, Штип-9, Прилеп-9, Тетово-16, Струга-4, Велес-5, Битола-2, Охрид-1, Кавадарци-19, Гостивар-9, Струмица-3, Радовиш-2, Кочани-1, Пробиштип-3, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-2, Неготино-5. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 632 оздравени пациенти од: Скопје-169, Куманово-33, Штип-36, […]

Комисијата за заразни болести предлага рестораните и пабовите до 21 јануари да се затвораат во 18 часот


До Владата е предложено и да се забранат прославите на Нова година во затворени простори, а и групирања на плоштадите по градовите   Ќе се заоструваат рестриктивните мерки како што доаѓа времето на новогодишните, божикните и другите верски празници. Комисијата за заразни болести ќе ѝ препорача до Владата да се воведе нов пакет рестриктивни мерки […]

Победата на Сашко Николов во Штип донесе олеснување и самодоверба во СДСМ


Без оглед на тоа што се работеше за вонредни локални избори само во една општина (и така се знаеше дека изборите во Пласница речиси сигурно ќе го поминат неопходниот праг, а победата на кандидатот на ДУИ беше целосно неспорна), резултатот од  гласањето во Штип донесе и олеснување, и задоволство, и самодоверба во редовите на владејачкиот […]

Владата прераспредели буџетски средства за набавка на вакцини против КОВИД-19, обезбедени 833.000 дози за 400.000 граѓани


Владата на вчерашната седница донесе Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и фондовите, од кои дел ќе бидат наменети за набавка на вакцини против Ковид-19. Според најавите, досега се обезбедени 833 илјади дози вакцини против коронавирусот, со кои ќе бидат вакцинирани 400 илјади граѓани. Од нешто повеќе од 1,3 милијарди […]

Инфицирана за 5 минути на далечина од 6 метри: jужнокорејска студија покажува како се шири вирусот во ресторани


Здравствените власти може ќе треба да ги променат препораките: студијата на јужнокорејски истражувачи покажа дека под одредени услови на проток на воздух дури ни шест метри за време на вечера внатре во ресторан не се безбедни за заштита од заразено лице   Порано оваа година, двајца гости кои вечераа во еден јужнокорејски ресторан беа заразени […]