Златна „Камера 300“ за кинематографот Рубен Импенс


  Рубен Импенс, белгискиот кинематограф во италијанскиот игран филм „Осумте планини“ е годинешен лауреат – освојувач на златна „Камера 300“ на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Меѓународното стручно жири вечерва во Битола не штедеше зборови за професионалниот пристап и мајсторството на Импенс, кој се издвои со својот квалитет и моќта на камерата во …

Златна „Камера 300“ за кинематографот Рубен Импенс Read More »

Русија го гори гасот кој би се извезувал во Германија, додека цените вртоглаво растат


  Додека енергетските трошоци во Европа растат со ракетна брзина, Русија согорува големи количини природен гас, според анализата споделена со Би-Би-Си. Експертите велат дека гасот претходно би се извезувал во Германија. Тие велат дека централата, во близина на границата со Финска, секојдневно согорува гас во вредност од околу 10 милиони долари. Научниците се загрижени за …

Русија го гори гасот кој би се извезувал во Германија, додека цените вртоглаво растат Read More »

Струја се краде во сите општини, вели Бектеши, повикува МВР да реагира


  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Арачиново потврди дека во системот има големи загуби на струја, но дека проблемот не е ограничен на една општина, туку на сите и ги повика сите надлежни институции, пред сѐ Министерството за надворешни работи, да се вклучат во надминување на состојбите. Најмногу загуби на електрична енергија лани …

Струја се краде во сите општини, вели Бектеши, повикува МВР да реагира Read More »

Владата прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор


  Владата на денешната седница донесе одлуки за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија. „Првата одлука се донесе заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на …

Владата прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор Read More »

Руската православна црква ја призна МПЦ – ОА, како автокефална сестринска црква


  Светиот синод на Руската православна црква на денешната седница ја призна Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како автокефална сестринска црква. „На 25 август 2022 година, на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, беше слушната пораката на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил за доделувањето од страна на Српската …

Руската православна црква ја призна МПЦ – ОА, како автокефална сестринска црква Read More »

Битката за Киев: Украинска храброст и руските грешки го спасија главниот град


  На 24 август – денот кога поминаа шест месеци од почетокот на руската инвазија на Украина – „Вашингтон пост“ објави долга сторија за тоа како украинската армија ги спречи Русите да го заземат Киев во првите недели од војната и на крајот ги принуди на повлекување од главниот град. Овој материјал е заснован на …

Битката за Киев: Украинска храброст и руските грешки го спасија главниот град Read More »

Советот на јавни обвинители ја отфрли жалбата на Русковска


  Советот на јавни обвинители на Македонија  едногласно одлучи жалбата за суспензијата на обвинителката Вилма Русковска да се отфрли како неоснована. Претседателот на Советот, Антонио Јолевски, рече дека Советот со ова го потврдува решението на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески од 16 август годинава. Со ова обвинителката Русковска останува суспендирана од својата функција. Седницата на …

Советот на јавни обвинители ја отфрли жалбата на Русковска Read More »

(Галерија) Украина по шест месеци војна


  Шест месеци откако рускиот претседател Владимир Путин нареди руски војници да влезат во соседна Украина, крвавата војна не покажува знаци дека наскоро ќе заврши. Илјадници украински цивили се убиени во инвазијата, според Канцеларијата за човекови права на ОН. Украинците кои одлучија да не бегаат од земјата се соочија со предизвици од недостиг на вода …

(Галерија) Украина по шест месеци војна Read More »

Разрешен и државниот правобранител Фехми Стафа кој спореше со Муареми


На владина седница денеска е разрешен државиот правобранител Фехми Стафа. Тој беше вклучен во јавен спор со првиот човек на Управата за финансиска полиција и практично го започна судирот меѓу институциите што сѐзаврши со оставки на Арафат Муареми, Вилма Рускоска а сега и со неговата.    Стафа на функцијата  државен правобранител дојде во 2018 година  …

Разрешен и државниот правобранител Фехми Стафа кој спореше со Муареми Read More »

Се огласи Јавното обвинителство за Еуростандард банка и „Кубус“


Согласно Законот за кривична постапка, Јавното обвинителство е единствено надлежно да донесува наредба и да спроведува истражна постапка, информираат од Јавното обвинителство на Македонија, во врска со наводите и извештајот презентирани на вчерашната прес-конференција од неколку лица, меѓу кои и, како што наведуваат, едно осомничено лице во врска со стечајот на Еуростандард банка. „Дел од …

Се огласи Јавното обвинителство за Еуростандард банка и „Кубус“ Read More »

Москва тврди дека знае кој ја убил Дугина – тоа била Украинката Наталија Вовк


  Русија инсистира дека украинските сили стојат зад смртта на Дарја Дугина, која загина во саботата кога нејзиниот џип „тојата лендкрузер“ експлодира додека патувала во богатото предградие на Москва. Руската државна новинска агенција ТАСС вели дека зад нападот стои „државјанка на Украина, идентификувана како Наталија Вовк“, а руската шпионска служба, ФСБ, вели дека таа побегнала …

Москва тврди дека знае кој ја убил Дугина – тоа била Украинката Наталија Вовк Read More »

Историската комисија за собирачите на потписи: Тие сакаат историја со политички диктат


  Mакедонскиот тим во Комисијата за историски и образовни прашања реагира повторно на, како што велат, неколкуте писанија и собирања потписи во јавноста со кои продолжи ширењето невистини за работата на Комисијата во однос на неодамна објавените резултати од нејзината работа во 2018 и 2019 г. „Во последниот бран реакции повторно се даваат целосно произволни …

Историската комисија за собирачите на потписи: Тие сакаат историја со политички диктат Read More »

Американски бомбардери го надлетаа Скопје


Американските бомбардери Б-52 го прелетаа нашето небо. Станува збор за воздухопловните сили на САД во Европа и Африка кои го демонстрираа силното сојузништво на НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област, вклучувајќи ја и Северна Македонија.   -Со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста кон балканските сојузници и партнери на НАТО, …

Американски бомбардери го надлетаа Скопје Read More »

Беса победи во Тетово, но генерално сите се губитници. Тетовци се разочарани од политиката


  Еден победник и многу губитници на изборите за Советот на Општина Тетово. Без дилеми, Беса може да биде презадоволна од резултатот на гласањето, но генерално сите политички партии треба да се загрижени од апатијата на гласачите, кои со рекордно нискиот одѕив од 35 отсто покажаа дека политичарите и политиката ја загубија пораката до граѓаните, …

Беса победи во Тетово, но генерално сите се губитници. Тетовци се разочарани од политиката Read More »

Зијадин Села поднесе оставка од функцијата претседател на Алијансата


Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села попладнево на прес-конференција си даде оставка по вчерашниот неуспех на изборите за советници во Советот на Општина Тетово. На прес-конференцијата во Тетово по денешниот состанок на Претседателството на партијата, Села најави дека повеќе нема да се кандидира за претседател на партијата бидејќи, како што рече, според статутот на …

Зијадин Села поднесе оставка од функцијата претседател на Алијансата Read More »

Убиена ќерката на идеологот на „рускиот свет“ Александар Дугин (ВИДЕО)


Дарија Дугина, ќерката на рускиот  активист и филозоф Александар Гелиевич Дугин, загина во експлозија на џип  во близина на Москва, јави ТАСС, повикувајќи се на Андреј Краснов, шеф на јавното движење „Руски хоризонт“ и познаник на починатиот . Според сајтот Газета.ру, со џипот требало да патува и самиот Дугин, но во последен момент влегол во …

Убиена ќерката на идеологот на „рускиот свет“ Александар Дугин (ВИДЕО) Read More »

Половина од водата што влегува во јавните водоводи во земјава „испарува“


Во земјава годишно се произведуваат по 456 литри вода по глава на жител, од кои околу 45 проценти или 212 литри се испорачува/фактурира на корисници. Домаќинствата во просек трошат по 156 литри вода, што е над просекот од 123 литри во Европа. Само во главниот град Скопје, каде според последниот Попис 2021 живеат 28 проценти …

Половина од водата што влегува во јавните водоводи во земјава „испарува“ Read More »

Ветер од 150 км/час во Пелагонија, невреме во Велес


  Невреме со грмотевици и поројни дождови попладнево е регистрирано во Пелагонија, Велес, Градско и Росоман, информираат од Центар за управување со кризи. – Силна нестабилност е проследена со интензивен пороен дожд и електрични празнења, како и силен ветер, потенцираат од ЦУК во објава на страницата на Фејсбук. Претходно, како што посочуваат, интензивна нестабилност имаше …

Ветер од 150 км/час во Пелагонија, невреме во Велес Read More »

Во Маврово Ростуше и Центар Жупа постигнат цензус за избор на градоначалник


До 17 часот, излезноста на гласачите на изборите за градоначалник во Маврово и Ростуше изнесува 44 отсто, a во Центар Жупа 41,71 отсто, со што исполент е цензусот за минимален одѕив од една третина за изборите да бидат успешни. Во Тетово на изборите за совет во општината, до 17 часот излегле 27,79 гласачи, информира Државната …

Во Маврово Ростуше и Центар Жупа постигнат цензус за избор на градоначалник Read More »

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава – ББ со стабилен изглед


  Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ- со стабилен изглед. Стабилниот изглед, како што е нотирано во извештајот на Агенцијата, се должи на проактивното креирање политики на Владата на РС Македонија за ублажување на кризата произлезена од руско-украинската војна.Исто така, Агенцијата ги истакнуваи напорите на Владата во …

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава – ББ со стабилен изглед Read More »