Сарацин: Нема повторно отворање на преговарачката рамка, Германија ќе биде против


  Целосно е нереално да се очекува дека повторно ќе ја отвораме преговарачката рамка. Германија ќе биде против тоа, вели во видео – интервју за МИА специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин. „Преговарачката рамка беше едногласно усвоена од 27-те земји членки и нема повторно да отвораме процес за донесување таква одлука. Таа […]

Бундестагот ја усвои резолуцијата за Македонија, ЦДУ беше против


  Со гласовите на парламентарните групи на коалициските партнери во владата, доцна ноќта во четвртокот, 15 јуни, германскиот Бундестаг ја одобри резолуцијата за Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ предложена од СПД, Алијанса 90/Зелени и ФДП. Со неа „треба активно да се поддржи Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија“, соопшти прес-службата на парламентот. […]

„Бундестагот ги признава македонската култура, идентитет и јазик“: Што пишува во германската резолуција


  Половина час – толку е предвидена да трае расправата за резолуцијата за пристапувањето на Македонија во ЕУ во германскиот Бундестаг. Расправата треба да започне денеска во 21,05 часот и да заврши во 21.35 часот. Таа е дел од расправата на германскиот парламент за европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Резолуцијата за Македонија е […]

Ахмети го повика ВМРО-ДПМНЕ да нема двојни стандарди, дење да е за ЕУ, а ноќе да гради други политики


  Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска го повика ВМРО-ДПМНЕ да престане со двојните стандарди во врска со уставните измени порачувајќи дека секое задоцнување може да ни предизвика деградација во процесите и порази.  Учествувајќи во дебатата на панелот„Патот до Преспа: научени лекции и перспективи“, во рамки на годинашниот Преспа форум дијалог […]

„Се плашиме од смртта, но немаме друг избор“: И Русите и Украинците трпат големи загуби


  И оние што напаѓаат и оние што се бранат на руско-украинскиот фронт мораа да платат висока цена во првата недела и половина од украинската контраофанзива. За тоа сведочат приказните на украинските војници и руските затвореници, со кои разговарале новинарите на „Вашингтон пост“ и на „Волстрит џорнал“. За тешките борби може да се процени објавите […]

Најмалку 78 мигранти се удавија кога потона брод кај Грција


  Бројот на загинати од најсмртоносниот бродолом со мигранти кај Грција оваа година се зголеми, а официјални лица соопштија дека најмалку 78 луѓе ги загубиле животите, а голем број сѐ уште се водат како исчезнати. Жртвите, речиси сите мажи од Авганистан и Пакистан, се удавија кога бродот со кој патуваа се преврте кај јужниот дел […]

„Невин сум“: Трамп се изјасни за обвиненијата дека нелегално чувал класифицирани документи


  МАЈАМИ – Доналд Трамп стана првиот поранешен американски претседател кој се соочи со судија по федерални обвиненија, откако во вторникот во судницата во Мајами се изјасни за невин по десетици обвиненија за кривично дело дека натрупал доверливи документи и ги одбил владините барања да ги врати. Со обвинението фокусирано на тоа дека Трамп погрешно […]

„Нереално“: Пендаровски за барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одложено дејство на уставните измени


  Претседателот Стево Пендаровски денеска го оцени како нереално барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ уставните измени да имаат одложено дејство до влегувањето на Македонија во ЕУ. „И јас би сакал сакал такво нешто, но заклучоците на Советот на Европа се кристално јасни – морате да направите уставни промени до крајот на скрининг процесот, за по автоматизам […]

Ковачевски му нуди на Мицкоски премиерска функција во техничката влада


  Нова лидерска средба нема да има – порача денес премиерот Димитар Ковачевски на брифинг со новинарите, тврдејќи дека позициите со кои тој и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  излегле од последната средба биле јасни и прашањето сега е дали Христијан Мицкоски сака или не да остане во процесот. Тој најави дека наредните денови иницијативата за уставни […]

И словенечката претседателка очекува мудрост од македонските политичари


  Уште една порака од претставник на исклучително пријателска земја за да се усвојат уставните измени и Македонија да продолжи на патот на ЕУ. Тоа денеска го направи и словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар за време на посетата на Скопје. По разговорите со претседателот Стево Пендаровски Пирц Мусар изрази надеж дека политичарите во Македонија ќе […]

САД и Македонија потпишаа патоказ за одбранбените врски во наредните 10 години


  САД и Македонија како вистински и доверливи сојузници ги поставија воените односи на патека по која треба да се движат наредните 10 години. Двајцата министри за одбрана, Лојд Остин и Славјанка Петровска, во Вашингтон потпишаа патоказ со кој се дефинираат областите во македонско-американската одбранбена соработка кои ќе бидат приоритетни во следната декада и преку […]

Крај на една ера: Силвио Берлускони почина на 86 години


  Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони почина на 86-годишна возраст. Медиумскиот тајкун, кој водеше три италијански влади меѓу 1994 и 2011 година и чија партија Форца Италија е помал партнер во сегашната владејачка коалиција, веќе некое време боледуваше од леукемија. Берлускони беше еден од најистакнатите италијански политичари, кој се врати во политиката во 2017 година […]

Како „Не“ на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени стана „Да“ и кој живее во „паралелна реалност“


  Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и опозициската ВМР-ДПМНЕ денес излегоа со целосно спротивставени констатации околу уставните измени. Додека во Кавадарци, на партиската трибина Ковачевски рече дека на последната нивна средба, Христијан Мицкоски прифатил уставни измени, од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порачаа дека „Ковачевски живее во паралелна реалност“, повторувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ понудиле предлози, а […]

Почина борецот за работнички права и претседател на ССМ, Дарко Димовски


По кратко боледување на 45-годишна возраст почина Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). – Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото […]

„Сите се позитивни. Кажете му на Путин“: Зеленски потврди дека почнала контраофанзивата


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во саботата дека се во тек контраофанзивни и одбранбени акции против руските сили, тврдејќи дека неговите највисоки команданти се во „позитивен“ начин на размислување додека нивните војници се вклучени во интензивни борби долж линијата на фронтот. Украинскиот лидер, на прес-конференција во Киев заедно со канадскиот премиер Џастин Трудо, одговори […]

„Винската визија“ на Отворен Балкан дојде во Скопје


  Во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со ресорните министерства на Србија и Албанија, денеска во Скопје се одржа презентација на најголемиот регионален саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“. Минатата година, во рамките на Отворен Балкан виното беше промовирано како најзначаен производ на регионот, што беше потврдено на […]

Чудо во Колумбија: Четирите деца од авионската несреќа најдени живи по 40 дена во џунглата во Амазон


  Неухранети и покриени со каснувања од инсекти, четири домородни деца беа спасени живи од колумбискиот Амазон во петокот попладне, 40 дена откако авионот со кој патуваа се урна во џунглата. Во извонреден подвиг на издржливост, децата преживеаја силни бури во еден од најнегостопримливите делови на земјата, дом на грабливи животни и вооружени групи. „Тие […]

Одложена примена на уставните измени – реална можност или празно фантазирање?


  Еден од условите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кој сака да го оправда гласањето за уставните измени и за кој наводно има разидување со премиерот Димитар Ковачевски е – од кога да важат уставните измени и да се искористат дупките во  заклучоците за Македонија за да се смени временската рамка што веќе […]

Историски случај: Федерално обвинение за Трамп за нелегално чување класифицирани документи


  Доналд Трамп е обвинет за лошо постапување со доверливи документи на неговиот имот во Флорида, извонреден развој што го прави него прв поранешен претседател во историјата на САД кој се соочил со кривични пријави од федералната влада што некогаш ја надгледувал. Министерствотот за правда се очекуваше да објави обвинение од седум точки пред историското […]

Стразбур најавува нов притисок да се применат пресудите за ОМО „Илинден“ во Бугарија


  Оделот за спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур ги нарече „неоправдани одбивања од страна на судовите во Бугарија да регистрираат здруженија со цел да да се постигне признавање на ‘македонското малцинство во Бугарија’“, а врз основа на наводна национална безбедност, заштита на јавниот ред и правата на другите, поради […]