Олаф Шолц: Гласот за СДСМ, Ковачевски и Пендаровски е глас за европската иднина на Македонија


  Германскиот канцелар Олаф Шолц, во име на Социјалдемократската партија на Германија, упати порака во која искажа поддршка за Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на претседателот на партијата Димитар Ковачевски и на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, за претстојните избори и за натамошниот европски пат на Македонија кон полноправно членство во Европската унија. „Изборот е во ваши […]

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот „Тајм“


  Македонката Светлана Мојсов, светски познат научник чие истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин доведе до револуционерни третмани за дијабетес и дебелина, е меѓу 100-те највлијателни личности во светот за годинава, според најновиот избор на американскиот магазин „Тајм“. Таа се најде во овој престижен избор заедно со уште двајца научници, Џоел Хабенер и […]

ХДЗ победи во Хрватска, но е далеку од мнозинството


  Владејачката конзервативна партија во Хрватска освои најмногу места на парламентарните избори, но не доволно за да формира влада, според речиси целосните официјални резултати. Хрватската демократска заедница (ХДЗ) на премиерот Андреј Пленковиќ освои 61 места во 151-членото собрание, покажаа резултатите од повеќе од 98 отсто од избирачките места. На претходните избори во 2020 година, партијата […]

Битка за специјализантите во кампањата


  За нивните барања изразени на неколкудневните протести расправаше Владата, за нив се зборува на митинзите, за нив се пишуваат објави на социјалните медиуми. Штрајкот на приватните специјализанти обликува дел од изборната кампања. Владата на вчерашната седница заклучи веднаш по изборите да се подготват предлог законски решенија со кои ќе се предвидат севкупните права и […]

Министерката за култура ќе ја даде на суд Арсовска за „лагите“ околу Универзална сала


  Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, категорично ги отфрла тврдења на градоначалничката Данела Арсовска дека знаела за пожарот во Универзална сала, а не пријавила, нарекувајќи ги лаги и најави тужба. „Веста за пожарот се ширеше толку брзо што за многу краток период беа преплавени социјалните медиуми од кадешто дознав јас и во истиот тој момент […]

Дали Македонија ризикува да ги влоши односите со Србија?


  Откако министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера изјави дека Македонија е коспонзор на резолуцијата за масакрот во Сребреница и дека на седницата на владата на која ќе се расправа за Отворен Балкан тој ќе предложи излегување на државата од оваа иницијатива има едно едноставно прашање – кој ја води сега надворешната политика. Дали […]

Што е направено до сега во рамки на Отворен Балкан, тој донесе многу придобивки


  Во деновите кога се прават првите процени од отворањето на пазарот на труд меѓу Македонија, Србија и Албанија, една од придобивките на Отворен Балкан, Бујар Османи, министер за надворешни работи во техничката Влада чиј главен мандат е организирање фер и демократски избори, најави дека на владина седница ќе бара повлекување на нашата земја од […]

Олимпискиот оган тргна од античка Олимпија да шири мир во време на војни (ВИДЕО)


  (Од нашиот известувач) ОЛИМПИЈА, Пелопонез – Олимпискиот оган вчера „тргна“ од античка Олимпија за да го најави почетокот на најголемите спортски игри кои годинава, од  26 јули, ќе се одржат во Франција. Долгото патешествие на огнот започна со симболичното самопалење во античкиот град на Пелопонез, проследено со величествена церемонија, за да продолжи следните 11 […]

Израел ќе има „силен“ одговор на Иран, но таков што нема да предизвика поширока војна


  Израел ќе одговори на Воениот кабинет на Израел во понеделникот попладне ја заврши дискусијата за одговорот на државата на огромниот налет на ирански проектили и беспилотни летала, во услови на повици до Ерусалим да биде претпазлив за да не предизвика регионална војна, и објави дека одмазднички потег може да дојде „уште од понеделник“. Во […]

Непријатен удар од Управен суд за Антикорупциска и Силјановска-Давкова


  Не секој почеток е добар. Во тоа се увери новиот состав на Антикорупциската комисија и нејзината претседателка Татјана Димитровска по одлуката на Управниот суд по тужбата на Академијата за судии и обвинители. Димитровска 19 години работеше во Државниот завод за ревизија, стигна до раководни позиции, пред да застане на чело на Антикорупциската комисија. И […]

Османи ќе ѝ предложи на Владата излегување од Отворен Балкан


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, поради инцидентот во Бањска на северот од Косово, кога имаше пресметка со парамилитарни српски структури, сака да биде напуштен целиот проект Отворен Балкан во кој беа вложени многу труд, енергија и политички желби. Таков предлог тој ќе достави до Владата кога ќе се расправа на таа тема. Со […]

Блискиот Исток на работ. „Црвената линија исчезна“: Вака изгледаше синоќа небото над Израел (видео)


Иран лансираше повеќе од 200 беспилотни летала и други проектили кон Израел, но досега без поголеми последици. Многу беспилотни летала и проектили беа соборени уште пред границите на Израел, но тие сè уште пристигнуваат, објави портпаролот на израелската армија, контраадмирал Даниел Хагари. Мал број проектили земја-земја го погодија Израел, при што беше повредено едно дете. […]

Балканот е демографската црна дупка на Европа – Македонија на врвот


Според податоците на статистичката агенција Еуростат, земјите од Југоисточна Европа забрзано изумираат. Меѓу шесте земји со најголемо намалување на населението помеѓу 2012 и 2022 година, има само една која не се наоѓа во Југоисточна Европа, а тоа е Латвија. Најголем пад на населението има Северна Македонија, која во 2022 година има 11 отсто помалку жители […]

Првата фаза завршена, втората не е почната – Универзална ќе продолжи да се гради


  Универзалната сала ќе биде изградена во предвидениот рок, иако пред неколку дена изби пожар, кој пак ги зафатил деловите кои и онака требало да бидат отстранети, беше речено денеска на брифингот со новинарите во Министерството за култура, каде присуствуваа и претставници од надзорот и изведувачот.  Сега, по пожарот, треба да се изработи нов елаборат, […]

„Ова веќе не се поднесува“: Европската федерација на новинари за пријавата за Фуркан Салиу


    „Ова веќе не се поднесува! Исклучително сум загрижен поради континуираните напади врз независниот новинар и основач на ‘Порталикс’, Фуркан Салиу, во Северна Македонија“, остро реагира Рикардо Гутиерез, генерален секретар на Европската федерација на новинари (ЕФЈ). Гутиерез потсетува на настаните со апсењето на Салиу, кога „за време на неговиот притвор, провладините медиуми и пропагандистичките […]

„Српскиот томос за МПЦ е лажен“, вели митрополитот Кирил на Вселенската патријаршија


  МПЦ-ОА е жртва на поголема игра на Русија, а валканата работа ја врши СПЦ. Главниот томос го дава Вселенската патријаршија, српскиот томос е лажен. Со ваква оценка излезе митрополитот Кирил на Имврос и Тенедос во разговор за емисијата „360 степени“. Митрополитот Кирил беше во посета на МПЦ-ОА неколку денови, а заедно со него беше […]

Фридом хаус: Надежите од соборувањето на Груевски допрва треба да се остварат


  „Циклични хибриди“, е групата во која е ставена Македонија во најновиот извештај на Фридом хаус „Нации во транзиција 2024″. Според оценката, таа е меѓу земјите во кои редовните промени во владејачката елита не носат значајни структурни промени и каде ривалските партии, во кои доминираат личностите или личните определби на нивните лидери, постојано ги политизираат […]

Мицкоски и во Босилово и Василево ја води кампањата за претседател без Силјановска


  И во општината Босилово и општина Василево кампањата на претседател на државата на ВМРО-ДПМНЕ ја водеше лидерот на партијата Христијан Мицкоски, а не кандидатката Гордана Силјановска-Давкова. Ова веќе се случува повеќе пати по ред Силјановска да не присуствува на митинзите на кои треба да се претстави таа, а наместо тоа врвот на ВМРО-ДПМНЕ ја […]

Израел уби три сина на лидерот на Хамас во ракетен напад во Газа


  Во израелски воздушен напад во Појасот Газа во средата загинаа тројца синови на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, соопштија роднините и официјалните медиуми на Хамас, а Ханије го обвини Израел дека дејствува во „духот на одмазда и убиство“. Синовите на Ханије се меѓу најпознатите личности кои биле убиени во војната досега. Не беше веднаш […]

Пендаровски го вика Мицкоски на дуел, а не Силјановска


Стево Пендаровски денеска од Делчево му фрли ракавица на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи го имаат телевизиски дуел затоа што, според него, тој бил кандидат на опозицијата за шеф на државата, а не Гордана Силјановска-Давкова. Оваа изјава на Пендаровски доаѓа по случувањата на митинзите  на Силјановска , каде што, всушност, глаевн говорник е Мицкоски, кој нив […]