Пожар во Универзална – пламени јазици ја голтнаа салата (Галерија и видео)


  Еден од симболите на Скопје, Универзалната сала, речиси целосно изгоре во нејзината внатрешност откако нешто пред 10 часот почнаа да се извиваат пламени јазици. Пожарот дојде само по дваесетина дена откако беше поставена новата метална купола и тече нејзината реконструкција. Граѓани се насобрани околу Универзална и гледаат во неверување во она што се случува. […]

Ботовите и политичарите долеваат оган на Универзална сала


  Како што се очекуваше, пожарот во Универзалната сала стана тема на предизборната кампања, а ботовите на ВМРО-ДПМНЕ веќе почнаа да спинуваат дека тој е резултат на неспособноста на досегашната влада. Од другата страна пак се потсетува дека пожарот се случи токму во време кога се вртеше видеото на новинарот Фуркан Салиу на кое се […]

Вархеи отфрла промена на Преговарачката рамка за Македонија


  По тврдењата на некои македонски политичари во изминатите месеци дека може да има промена Преговарачката рамка за земјава, еврокомесарот за проширување и соседство Оливер Вархеи во интервју за бугарски „Бгнес“ тврди дека Преговарачката рамка нема да се смени и дека тој не смета оти земјите-членки на Европската Унија сакаат да ги преразгледуваат условите што […]

Апсењето на новинарот Фуркан Салиу ги зовре страстите во кампањата


  Прво со тоа што објавуваше факсимили од состанок на партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ за наводно организирање лажни анкети и лажни вести, а денеска со неговото апсење од страна на полициски специјалци, новинарот Фуркан Салиу е во центарот на настаните за време на кампањата за двата избори. Тој денеска беше уапсен на фудбалски натпревар во […]

Полициски специјалци го приведоа новинарот Фуркан Салиу


  Новинарот Фуркан Салиу, кој деновиве беше во центарот на аферата со наводните планови на ВМРО-ДПМНЕ за лажни анкети и лажни вести, денеска е приведен од припадници на специјалната полиција за време на фудбалски натпревар во селото Коњаре. Според изјави на членови на семејството за некои медиуми Салиу заедно со неговиот снимател го следел фудбалскиот […]

Пред шест месеци цел свет беше со Израел. Сега е осамен како ниедна друга земја


  ЕРУСАЛИМ – Кога Израел објави војна против Хамас минатиот октомври, тој беше обединет дома и уживаше широка поддршка од целиот свет по нападот без преседан на исламската милитантна група. Шест месеци подоцна, Израел се најде на многу поинакво место: заглавен во Газа, поделен внатрешно, изолиран на меѓународно ниво и сè повеќе во судир со […]

Битолчани бараат од пратениците да бидат локал патриоти


  БИТОЛА – Битолските политичари кога ќе го поминат Плетвар забораваат на Битола! Оваа реченица често ја користат граѓаните од градот на конзулите, кога коментираат за политика, најчесто разочарани од предизборните ветувања и исполнувањата на партиите, но пред сѐ од изборот на партиски кадри за кандидати за пратеници. Па, така во ова предизборие, битолчани на […]

Османи сака меѓународен борд кој ќе биде филтер за политичарите и судиите


  Кандидатот за претседател од „Европскиот фронт“, Бујар Османи, денеска отиде подалеку од идејата на ДУИ за ветинг на политичарите и побара формирање на меѓународен борд кој ќе прави филтрирање на личностите кои се занимаваат со политиката во нашата земја. На денешната прес-конференција Османи рече дека еден од најважните приоритети на „европскиот претседател“ ќе биде […]

Вархеи: Исплатата на првите средства од Планот за раст на Западниот Балкан е можна пред летните одмори


Планот за раст на Западниот Балкан вклучува пакет мерки за поттик на земјите од регионот за многу побрзо исполнување на критериумите за членство во ЕУ и дополнителен сет за поддршка на нивните економии и инвестиции и доколку се оди според планот, првата исплата на средствата, односно на авансот, би можела да се случи пред летните […]

ДУИ и „Вреди“ се договорија: Не влегуваат во влада ако нема уставни промени


  Арбен Таравари, претседателскиот кандидат на албанската опозиција, синоќа ги олади надежите на ВМРО-ДПМНЕ и повикот на Христијан Мицскоски за коалицирање, велејќи дека „Вреди“ и ДУИ имале џентлемнски договор да не влегуваат во влада која нема да ги направи уставните промени. Таравари тоа го кажа синоќа за време на дебатата со другиот претседателски кандидат, Бујар […]

(Фото галерија) Почна претседателската кампања, само на Ванковска ќе биде „сиромашна“


  Од утрово Скопје е во знак на претседателската кампања. Низ главните градски улици осамнаа рекламни паноа на речиси сите претседателски кандидати, а видливи се и неформалните пи ар активности. Само кандидатката на Левица, Билјана Ванковска, утрово на прес-конференција најави дека кампањата ќе и биде скромна и сиромашна, исто како народот во државата. „Ние немавме […]

Вучиќ објави: Данка е убиена – уапсени две лица кои признале


  Полицијата уапсила две лица кои го извршиле убиството на малата Данка Илиќ, кои го признала делото, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. „Имаме лоши вести за Данка… Полицијата уапси две лица кои ако добро разбирам ја убиле малата Данка. Како што разбрав, тие го признаа делото“, рече Вучиќ и додаде дека ја водат полицијата до […]

Ковачевски зборуваше за иднината, Мицкоски даваше совети


  Без голема тензија со веќе познати ставови многу пати елаборирани во јавноста, а малку за тоа што може да ја очекува државата во иднината помина првата телевизиска дебата меѓу лидерите на двете најголеми партии, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во студиото на Канал 5. Најголем дел од дебатата се вртеше околу францускиот предлог, преговарачката […]

Пендаровски: Ќе работам за плата, а не за проценти


  Вечерва во преполната сала „Борис Трајковски“ се одржа конвенцијата на петседателскиот кандидат и актуелен шеф на државата Стево Пендаровски. Доаѓањето на Пендаровски беше најавено и бурно поздравено со тапани, а поддршка за кандидатурата му дадоа познати глумци и јавни личности, кои ги истакнуваа скромноста, чесноста и отвореноста за сите граѓани како негови карактеристики додека […]

Кандидатска драма во ДИК, Јакимовски не го потпиша Кодексот за етичко однесување


  Кандидатите за претседател на државата денеска во Државната изборна комисија дојдоа да го потпишат Кодексот за фер и демократски избори, но овој церемонијален настан се претвори во политичка драма. Најпрво, Стевчо Јакимовски најави дека нема да го потпише Кодексот, Билјана Ванковска најави кривична пријава за ДИК и за некои од противкандидатите, Максим Димитриевски ја […]

Изборни програми „кој ќе даде повеќе“


  Иако изборната кампања не е почната, политичките партии излегоа со изборните ветувања во кои превладува дневен популизам или бројки. Впечатокот е дека изборните ветувања се претвораат во јавни наддавања и лицитирања – кој ќе понуди повеќе, па така откако, на пример, ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе им даде 5.000 денари еднократно на пензионерите првата година, […]

Партиска битка за пензионерите: Кој нуди повеќе и чија понуда е (не)реална


  Пензионерите денеска го добија најавеното зголемување на пензиите од 5,3 отсто, кое се пресметува два пати годишно, врз основа на моделот 50 отсто пораст на просечната плата, и 50 отсто пораст на трошоците на живот, односно инфлацијата. Но, паралелно со она што е тековно усогласување, политичките партии веќе излегоа и со конкретни понуди за […]

„Друга Турција“: Како Ердоган доживеа голем пораз на локалните избори


  Главната турска опозициска партија му зададе неочекуван удар на владеењето на Реџеп Таип Ердоган во неделата со убедлива победа на локалните избори во Турција, задржувајќи ја контролата врз големите градови, вклучувајќи ги главниот град Анкара, Измир и Истанбул, каде Екрем Имамоглу обезбеди втор мандат како градоначалник. „Драги мои истанбулци, денес ја отворивте вратата за […]

Ковачевски: Докажавме дека е можно да се има поголеми плати и повеќе демократија


Економската програма на СДСМ предвидува повеќе за сите – подобар живот за сите, доближување на животниот стандард до европскиот и сето тоа преку издржани и конкретни мерки. Нашиот фокус е на четири основни столба: човечки капитал, продуктивност, иновативност и конкурентност. Проектираме просечна стапка на раст на економијата од 5,1 отсто во наредните четири години и […]

Бугарија и Романија се приклучуваат на Шенген зоната


Софија – Бугарија и Романија утре се приклучуваат на Шенген зоната: во двете земји-членки сега ќе важат сите правила на Шенген, вклучително и за издавање шенген визи, а контролата на внатрешните воздушни и поморски граници ќе биде укината. Европската комисија топло го поздравува ова достигнување – тоа е продолжение на историската одлука на Советот на ЕУ […]