Според првичните резултати Силјановска има двојна предност пред Пендаровски

Во вкупни бројки на парламентарните избори ВМРО-ДПМНЕ е без малку со тројна предност пред СДСМ. ДУИ и коалицијата се пред „Вреди“, а Левица пред ЗНАМ


Фото: Б. Грданоски

 

Државната изборна комисија забрзано ги објавува резултатите од двојните избори. Според обработените 40 отсто од избирачките места на претседателските избори Гордана Силјановска-Давкова има двојна предност пред Стево Пендаровски. Во гласови тоа изнесува 169.000 на 83.000. ДИК има обработено 1.427 избирачко место од 3.508. 

Пендаровски води во 15 општини, а Силјановска во сите други. 

На парламентарните избори досега се обработени 1.415 избирачки места, или 40 отсто. Во вкупни бројки коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 118.498 гласови, додека коалицијата на СДСМ 40.281. 

Во албанскиот блок коалицијата „Европски фронт“ на ДУИ има 67.959, а опозицискиот блок „Вреди“ 57.648. 

Забележливо е дека Левица е прилично напред пред ЗНАМ. Левица има 5,74 отсто, а ЗНАМ 4,18. Или во гласови – 19 илјади наспроти 13.886. 

Другите партии имаат освоено маргинален број гласови. На пример, Нова алтернатива на скопската градоначалничка Данела Арсовска само 1.035, додека ГРОМ 1.435.