Карни: Заврши времето за блиска соработка на Канада со САД


 Новиот канадски премиер Марк Карни денеска изјави дека деновите на блиска соработка со САД се „завршени“, бидејќи земјата повеќе не е „доверлив партнер“.

„Старите односи што ги имавме со САД, засновани на длабока интеграција на нашите економии и блиска соработка во областите на безбедноста и одбраната, завршија“, рече Карни на прес-конференција.

Канадскиот премиер додаде дека за „ден или два“ ​​ќе има разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, кој во неколку наврати изјави дека би сакал Канада да стане „51-та американска држава“.