Карневалот во Рио де Жанеиро во 2022 година ќе трае 40 дена
Уличните карневалски свечености во 2022 година во Рио де Жанеиро ќе се одржат од 27 јануари до 6 март, соопшти прес-службата на компанијата за развој на туризмот Риотур.
Планирано е да се одржат околу 500 улични карневалски поворки и паради и претстави во овој период, за чија организација се очекува да бидат потребни 3,5 милиони реали (околу 650 илјади долари) вонбуџетски средства.
Како што забележа шефицата на Риотур Даниела Маја, властите одлучиле порано да ги објават параметрите на карневалот, „така што најголемиот празник во Рио де Жанеиро ќе биде блескав“.
Во 2021 година, поради пандемијата на коронавирус, карневалските прослави беа откажани нво цел Бразил, а идејата за нивно одржување во јуни или јули исто така беше разгледана, но подоцна беше одлучено да не се одржуваат. Една година претходно, околу седум милиони луѓе учествуваа на прославите во Рио де Жанеиро.
Сепак, конечната одлука за карневалските прослави ќе се донесе подоцна врз основа на санитарната и епидемиолошката ситуација.