Карл Клемонс-Хопкинс шокираше со не-бинарниот стил на Еми


САД- Карл Клемонс-Хопкинс стана првата не-бинарна личност која беше номинирана за најдобар актер во споредна улога на 73-то доделување на наградите Еми во неделата, телевизиски пандан на филмските Оскари, во Лос Анџелес.

Актерот на „Хакс“ прошета по црвениот килим во дизајн по нарачка на Кристијан Сиријано, инспириран од не-бинарното знаме, според дизајнерот. Белата кошула на глумецот со копчиња, црни панталони, виолетов појас и виолетовите и жолта наметка ги прикажуваа боите на знамето.

Облеката е создадена како „почит кон небинарното знаме и славење на нашиот идентитет и убавина надвор од хетеронормативниот стандард“, напиша стилистката на Клемонс-Хопкинс, Јотиша Бриџис, во неделната објава на Инстаграм. (WWD)