Кандидатурата на Румен Радев за втор мандат ја измеша политичката сцена во Бугарија пред изборите


Можно е претседателот Радев да се појави како „независен играч“ со платформа што ќе ги обедини сите партии против ГЕРБ

Одлуката на претседателот Радев да се кандидира повторно ја изненади владејачката партија ГЕРБ, која е во судир со шефот на државата

 

(Од нашиот дописник)                                                                                                 Јовка Димитрова

СОФИЈА – Бугарскиот претседател Румен Радев ја објави кандидатурата за втор мандат девет месеци пред претседателските избори.

Неговата желба да се кандидира повторно беше позната од изјавите на членовите на неговиот тим, но Радев го искористи извештајот од четвртата година од неговиот петгодишен претседателски мандат за да објави дека бара поддршка за уште пет години.

Тој рече дека не разговарал со партии или организации да го номинираат, но дека очекува Бугарската социјалистичка партија, која го номинираше во 2016 година, да продолжи со нејзината поддршка.

„Не разговарав со партиите за поддршка. „Социјалистите, кои ме номинираа во 2016 година, имаат право да се произнесат први“, рече претседателот.

„Не разговарав со партиите за поддршка. „Социјалистите, кои ме номинираа во 2016 година, имаат право први да зборуваат“, рече претседателот.

Во очекување на БСП да го коментира неговото барање, левичарските формации како „Исправи се, Бугарија“ на поранешната пратеничка на БСП и поранешен народен правобранител, Маја Манолова, објавија дека Радев може да смета на нив.

БСП најави дека ќе го коментира својот став за реизборот на Радев за претседателските избори, по парламентарното гласање на 4 април. Засега, партијата се воздржува од коментари, особено затоа што, според неофицијални информации, Радев сè уште не разговарал за ова прашање со претседателката на БСП, Корнелија Нинова.

Движењето за права и слободи (ДПС), без чии гласови досега не беше избран ниту еден бугарски претседател во последните 30 години, веќе објави дека не смета оти првиот мандат на Радев е успешен и дека нема да го поддржи неговиот реизбор. Според ДПС, Радев не се однесува како обединувач на нацијата, како што налага уставот, но покажува партиска пристрасност. Самиот Радев рече дека на неговите први избори во 2016 година немал официјална поддршка од ДПС и невозможно е да се пресмета дали приврзаниците на оваа партија гласале за неговиот избор.

Одлуката на претседателот Румен Радев да се кандидира повторно ја изненади владејачката партија ГЕРБ, која е во судир со шефот на државата. Оттаму коментираат дека Радев направил „длабоки грешки“ и ја поделил нацијата и не треба да бара реизбор. Претседателката на Националното собрание Цвета Карајанчева (ГЕРБ) рече дека најавата на Радев за втор мандат е превентивен потег, што може да се објасни со гласините дека БСП планира да ја предложи потпретседателката на Радев, Илијана Јотова за свој кандидат. Според Карајанчева, изјавата на претседателот нема да влијае на парламентарните избори на 4 февруари.

Сепак, политиколозите се категорични дека е можно претседателот Радев да се појави како „независен играч“ со платформа што ќе ги обедини сите партии против ГЕРБ. „Постои борба околу тоа кој ќе го предводи сè уште неформираниот фронт против Борисов“, смета Румјана Коларова, политиколог од Софискиот универзитет. Радев има шанса да биде обединувачка фигура ако зад неговиот реизбор застанат партиите што се спротивставуваат на статус-квото.

Радев ја објави својата кандидатура заедно со програмата во која зајакнувањето на државноста и потребата од реформи се врвен приоритет.

„Оваа рана објава има за цел да им даде на политичките актери можност да се позиционираат според најавените приоритети и да им помогне на гласачите да имаат информиран избор за статус-квото и алтернативата“, рече Румен Радев.

Меѓу нагласувањата, тој посочи на подобрување на работата на судството, подреденост на судиите кон законот, ефективно раздвојување на власта и зајакнување на институциите, сузбивање на законодавството за лобирање, засилена заштита на имотот и конкуренцијата во бизнисот, гонење на корупцијата и транспарентност на управување, како и гарантирање на слобода на говор преку транспарентност на сопственоста на медиумите и независност на финансирањето на јавните медиуми од државата.