Канцеларијата на Мануела Швесиг дејствувала како „огранок на Гаспром“
Регионална лидерка во Германија договарала со Гаспром, руската енергетска компанија поддржана од државата, да го промовира гасоводот Северен тек 2 пред тој да биде откажан, покажуваат објавените документи.
Мануела Швесиг, главен министер на североисточната покраина Мекленбург-Западна Померанија, е најновата членка на Социјалдемократската партија (СПД) на Олаф Шолц која се најде под притисок поради нејзините врски со проектот поддржан од Кремљ. Критичарите ја опишаа како „марионета на Путин“.
Швесиг (47) е обвинета за основање еколошка фондација која била дизајнирана да лобира тајно за гасоводот поддржан од Русија, за да ги одврати критиките и да ги заобиколи американските санкции.Стотици еелктронски пораки и документи објавени според Законот за информации за животната средина покажуваат дека таа соработувала толку тесно со компанијата што стои зад проектот, што биле предложени ревизии на нејзините јавни изјави. Руската компанија дури побарала да ги прислушува брифинзите на новинарите што биле водени оф рекорд.
Документите сугерираат дека Швесиг била вклучен во одлуките за ангажирање на компанијата Nord Stream 2 AG, која е во сопственост на Гаспром и е предводена од Матијас Варниг (66), поранешен член на Штази кој се спријателил и работел со Владимир Путин во 1980-тите кога бил стациониран како офицер на КГБ во Дрезден.
Швесиг се сметаше за ѕвезда во подем во СПД. Оттогаш таа се извини за нејзината поддршка за гасоводот. Норберт Ротген, член на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), ја повика Швесиг да поднесе оставка поради „ усогласување со руската компанија и намерно заведување на јавноста“.
Весникот Ди Велт објави дека канцеларијата на Швесиг дејствува како „огранок на Гаспром“. Документите до кои дојде весникот откриваат план за ангажирање „искусни вработени“ од Nord Stream 2 AG во Фондацијата за заштита на животната средина и климата, формирана од администрацијата на Швесиг минатата година. Швесиг беше именувана во основачките документи на фондацијата. Милиони евра за невладината организација, главно од Гаспром, биле насочени кон завршување на гасоводот и заштита од американските санкции, објави Ди Велт.Протечените документи сугерираат дека менаџерот за комуникации на Nord Stream 2 AG исто така ја насочувал Швесиг, велејќи ѝ: „Треба да се обидеме да ја поставиме фондацијата така што ќе биде „паметен одговор“ на тврдокорното однесување на САД“.
Швесиг одржа говор во покраинскиот парламент во кој ги отфрли критиките за проектот како обид да се изврши притисок врз Германија да купи „американски гас“. Но, опозициската ЦДУ, Зелените и Слободната демократска партија (ФДП) формираа истражен комитет за да ги отплетка интересите на државната влада, фондацијата и руските поддржувачи на Северен тек 2.
Колку блиска била соработката покажуваат документите откриени во државната канцеларија во главниот град Шверин. Менаџерот за комуникации на Nord Stream 2 AG побарал вработен во нивната компанија да ги слуша разговорите со новинари водени оф рекорд. Никаков приговор не бил забележан во документите, иако претставникот на Швесиг негира дека некој слушал чувствителни дискусии.
Герхард Шредер, поранешниот канцелар, кој е и директор на Гаспром и претседател на Nord Stream 2 AG, исто така беше критикуван. Тој се сретнал со Швесиг многу пати за да разговара за тоа како би можеле да се избегнат американските санкции, пишува Дер Шпигел.
Пријателството на Германија со Русија на Путин сега се гледа како тешка грешка. Оттогаш Швесиг тврди дека „Путин не измамил сите“. Нејзината канцеларија вчера не можеше да се добие за коментар.