Канадскиот премиер се вакцинира со Астра Зенека


Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска ја прими првата доза од вакцината против корона вирусот.

Трудо се вакцинираше со Астра Зенека во една аптека во Отава.

– Многу сум возбуден, изјави канадскиот премиер непосредно пред вакцинацијата.

Заедно со Трудо се имунизираше и неговата сопруга Софи, која беше заразена со Ковид-19 на почетокот на пандемијата минатата година.