Камала Харис како тазе потпретседателка доби насловница на „Вог“. Меланија Трамп како прва дама ниту еднаш


САД- Новата потпретседателка која испиша историја Камала Харис ја краси насловната страница на февруарскиот број на американскиот Вог.

Вог официјално ја објави насловницата денес на Твитер и Инстаграм. Ја фотографираше Тајлер Мичел, кој во 2018 година стана првата црномуреста фотографка на магазинот која потпишува насловница.

Харис позира на две корици. На едната, таа е фотографирана пред зелена позадина со розова ткаенина. Некои корисници на Твитер сугерираат дека розовите и зелените елементи на фотографијата можат да бидат боите на сестринството на Харис, Алфа Капа Алфа. Вог во својот пост на Инстаграм, ја потврдуви оваа референцата.

Избраната потпретседателка носи црн блејзер, бела блуза, црни панталони и патики Конверс – стил на чевли што стана нејзин потпис. („Тоа е или Чакс или штикли. Секогаш беше“, изјавуваше Харис лани во медиумите.

Оваа фотографија не е онаа за која се согласиле нејзиниот тим и тимот на Вог.

Фотографијата на која Харис е облечена во син костум на Мајкл Корс е онаа што заеднички ја избраа тимот на Харис и тимот на Вог, вклучувајќи ја и Ана Винтур, долгогодишниот главен уредник на списанието и новоназначениот глобален главен директор за содржина на Конде Наст.

Харис, е 55-годишна адвокатка и сенаторка од Калифорнија.

Таа е една од најпознатите личности на Демократската партија и брзо стана фаворит за позицијата кандидат за потпретседател кога се откажа од борбата за Белата куќа.

Пред да влезе во Сенатот, таа беше министерка за правда на Калифорнија шест години, а пред тоа беше окружен правобранител во Сан Франциско.

Мишел Обама досега беше три пати насловната страница на „Вог“ додека таа беше прва дама, а Хилари Клинтон беше на насловната во 1998 година со наслов „Извонредната Хилари Клинтон“. Меланија Трамп заради ставовите на сопругот ниту еднаш како прва дама не доби насловница на „Вог“. Таа претходно позираше за престижниот магазин како невеста на Трамп во 2005 година.

Минатата недела, американскиот претседател во заминување Доналд Трамп ги критикуваше водечките американски списанија што не и дале насловна страница на Меланија Трамп додека била прва дама.

Со твит , Трамп ја нарече Првата дама „најголемата на сите времиња“, притоа повторувајќи ја објавата на Брајтбарт, во која се вели дека „елитистички снобови во модниот печат“ ја исфрлаат „најелегантната прва дама во американската историја“.

Во интервју за Си-Ен-Ен во април 2019 година, уредничката на американскиот Вог, сега глобален уредник, Ана Винтур, рече: „Треба да се залагате за она во што верувате и треба да заземете став“.