Како секој хороскопски знак да го откриете кога изневерува: Некои почнуваат наеднаш да се дотеруваат, други го кријат својот телефон…


Дознајте како се однесуваат хороскопските знаци кога изневеруваат!

Секој хороскопски знак има специфични особини кои „диктираат“ како ќе се однесува во одредени ситуации. Така и во прељубата! Дознајте како секој знак се однесува кога изневерува и како да ги забележите!

Овен

Тој престанува да покажува физичка наклонетост. Овните се страсни љубовници, ќе ве соблечат со својот шарм и ќе направат да се чувствувате како да сте единствената личност на светот. Ако забележите дека избегнуваат да ве бакнуваат за добра ноќ или да ве гушкаат наутро, пред да одат на работа, тоа може да значи дека љубовта и страста ја добиваат на друго место.

Бик

Веќе нема да ве прашуваат за совет. Биковите тешко се „пробиваат“ откако ќе ги запознаете, а се отвораат само кога ќе запознаат некого подобро. Кога овој тврдоглав знак ќе најде партнер со кој сака иднина, бидете сигурни дека ќе побараат нивни совети и мислење речиси за се. Ако престане да се консултира со вас, големи се шансите да добива совет на друго место.

Близнаци

Првото нешто што го прави еден изневерен Близнак е да почне да го крие својот телефон. Во врска се како отворена книга и сакаат да споделуваат што мислат, да ви покажуваат фотографии, шеги кои ги разменуваат со другите. Ако забележите дека вашиот партнер одеднаш е многу заштитнички настроен кон својот телефон, големи се шансите да крие „жешка“ преписка со некого, што секако не сака да ја видите.

Рак

Раковите стануваат ладни и нервозни. Тие се познати по трпението, што ги прави одлични животни партнери. Секогаш можете да сметате на Рак кој ќе размисли за вашите чувства. Така знаете дека се заинтересирани. Но, кога имаат афера, одеднаш стануваат ладни и изгледаат уморни од грижата за вашите чувства.

Лав

Можете да препознаете кога изневеруваат со постојано дотерување и обрнувајќи повеќе внимание на својот изглед од вообичаено. Кога Лавот ве сака, тој наоѓа начин да ја осветли својата светлина врз вас и да направи да се чувствувате како да сте центарот на универзумот. Доколку мисли дека не го цените доволно, не е исклучено да „шара“. Потоа почнува да се„лицка“ и излегува повеќе од вообичаено.

Девица

Постојано ја менува рутината! Девиците се практични во љубовта и многу предвидливи во врските. Со нив секогаш знаете што да очекувате. Тие не ги менуваат работите често и имаат тенденција да се држат до истите навики, хоби и рутини. Значи, ако една Девица одеднаш не е таму каде што рече дека ќе биде или одеднаш го промени распоредот, постои шанса и таа да го сменила својот партнер.

Вага

Кога имаат афера, Вагите постојано го критикуваат „официјалниот“ партнер. Како многу искрен и избалансиран хороскопски знак, тие знаат како да направат партнерот да се чувствува посебно. Изгледа дека секогаш го кажуваат „точното нешто“, ги бодрат своите сакани и навистина вложуваат труд во врската. Во моментот кога ќе забележите дека почнуваат да ја критикуваат вашата врска, ве обвинуваат за работи кои до вчера не им пречеле – тоа е лош знак!

Скорпија

Измамената Скорпија ќе ги заобиколи деталите. Овој знак тешко се отвора, но штом ќе се отвори, буквално ќе поднесе дневен „отчет“ до партнерот. Кога е отсутен – бидете сигурни дека нешто „сомнително“ се случува. Скорпијата ќе ви каже каде била, нема да се согласува за големи работи, но ќе ги изостави деталите кои би можеле да ја компромитираат.

Стрелец

Првата работа што ја прават Стрелците кога ќе почнат да изневеруваат е да престанат да објавуваат заеднички фотографии. Тие се забавни, слободоумни и спонтани, а кога ќе најдат партнер кој ги споделува нивните страсти, можете да очекувате да ја преплават мрежата со заеднички фотографии. Вака се однесува Стрелецот кога е заљубен. А кога ќе престане да го прави тоа, голема е веројатноста дека сака да го скрие од некого фактот дека е во врска.

Јарец

Првиот симптом на прељубата е дека ќе избегнуваат да ставаат пари во заедничката каса. Јарците бавно влегуваат во сериозни врски. За овој практичен знак љубовта е влог во иднината, а кога сакаат, на партнерот ќе му го дадат светот на дланка. Меѓутоа, ако се чини дека се двоумат дали да стават пари во заеднички фонд или да одат на големи шопинг патувања со вас, тие веројатно се повлекуваат и сакаат да ги вложат своите пари во врска со некој друг.

Водолија

Кога има некого на страна, Водолијата претпочита да ги гледа пријателите, но без вас. Откако ќе го освоите нивното срце, тие брзо ќе ве запознаат со нивното друштво и ќе направат да се чувствувате како да сте дел од тимот. Тие сакаат да ги поврзуваат пријателите и љубовниците, така што сите се едно весело и среќно друштво. Но, ако почнат да инсистираат сами да излегуваат, а не да ве канат да се дружите со пријателите, можно е да донеле некој друг во овој круг или да го планираат тоа.

Риби

Првата работа што ја прават Рибите кои имаат афера е емотивно дистанцирање. Тие се најголемите сонувачи за Зодијакот, а љубовта е нешто за што најмногу фантазираат. Рибите знаат како да направат партнерот да се чувствува сакано. Ако одеднаш им недостасува вообичаената топлина и емоционална отвореност, време е да се грижите. Можно е сета топлина и емоции да ги насочиле кон некој друг.