Како ретроградниот Меркур влијае на љубовта: Се враќаат „духовите“ од минатото, а три знака треба да внимаваат на врската!


Пристигна ретроградниот Меркур и сите сме загрижени дали технологијата ќе работи правилно за нас, каква ќе биде нашата комуникација, бидејќи постојано слушаме дека овој небесен феномен прави хаос на тие полиња.

Но, дали знаете како ретрограден Меркур влијае на љубовта?

Меркур е во знакот на Вага, што значи дека ќе ја „удри“ нашата носталгија до 20 октомври. Еве како тоа ќе влијае на кој знак.

 

Огнените знаци – Овенот, Лавот и Стрелецот, треба да внимаваат што размислуваат. Меркур не мами и се обидува да не  убеди дека нешто што повеќе го немаме во љубовта, било подобро за нас. Можеби станува збор за погрешна личност, или за која сме биле заљубени во минатото. Очекувајте да се врати во вашите мисли, ако не и во вашиот живот, Меркур ќе се потруди да ни направи хаос! Но, запомнете зошто срцето ви кажа дека поблискиот однос со таа личност не е добра идеја и држете се до неа.

Водни знаци – Рак, Шкорпија и Риби, ќе се обидат да направат нешто повеќе од пријателство и можеби ќе направат голема грешка. Размислете внимателно, бидејќи Меркур малку ќе ве заслепи, дали навистина е личноста со која сакате да изградите блиска врска, или нешто друго ве мотивира? Желбата ќе биде многу активна, како и привлечноста, но ретроградниот период на Меркур не е добар за тестирање на таквите врски.

Воздушни знаци – Близнаци, Вага и Водолија, ќе мора да работат на постоечката врска до крајот на октомври. Можни се кавги, па дури и тепачки, сите без вистинска причина. Бидете свесни за она што го имате во животот и ценете го, бидејќи не треба да го губите поради овој космички неред. 

А земјените знаци – Бик, Девица и Јарец, ќе треба да се грижат за врската што ја имаат, да ја негуваат и развиваат. Користете ги следните недели за да се потсетите зошто се за вљубивте еден во друг. Посетете места што ве прават носталгични или романтични, заедно истражувајте некои нови територии во љубовта, само тогаш ќе ги избегнете негативните ефекти од ретроградниот Меркур.