Како од жолти да добиете блескаво бели јајца за Велигден?


Најлесниот можен начин за избелување на јајцата е многу едноставен, а се што ви треба е веќе во вашата кујна.

Еве како можете да добиете светли бели јајца од жолти кои ќе бидат подготвени за понатамошно украсување.

Состојки:

– 10-15 јајца
– 1,5 литри вода
– 200 мл оцет

Подготовка:

Во големо тенџере ставете ги јајцата и водата да се варат на средна температура. По 10 минути додадете го оцетот, оставете да зоврие и намалете ја топлината.

Со лажица соберете ја пената што се појавила одозгора, а потоа оставете ги јајцата да се варат уште четири минути, вадејќи ја пената цело време.

После тоа, прелијте ги јајцата со ладна вода за малку да се изладат, а потоа користете сунѓер под млаз вода за да ги отстраните остатоците од пигментот од лушпата.