Како изборот на музика во автомобил влијае на потрошувачката при возење
Најнова студија открива со кој вид музика потроѓувачката на гориво ќе биде помала.
Секој кој слуша музика во текот на возењето може да видидека нејзиниот избор многу влијае на однесувањето на возачот, односно на неговиот стил на возење. Ова особено е изразено кај електричните автомобили, каде автономијата е многу битна, а наглото притискање на гасот доведува до значително трошење на драгоцената енергија. Затоа секој совет кој може благотворно да влијае на зголемување на радиусот на движење е добредојден.
„Киа“ спроведе студија за врската меѓу слушањето одредена музика и потрошувачката ма електричната енергија, и дојде до интересни заклучоци.
Праксата покажа дека изборот на музика многу влијае на автономијата на возењето, а од „проверени“ мелодии, Бетовеновата 9 симфонија на една и песната „Blinding Lights“ на „The Weeknd“ на другата страна, претставуваат две крајности.
За експериментот користен е електричниот автомобил Kia EV6 GT-Line опремен со врвен „меридијан“ аудио-систем со 16 звучници. Со автомобилот на патека долга 29 километри управувале лица кои никогаш претходно не возелеелектричен автомобил, а им се пуштала музика на однапред дефинирана плејлиста.
Биометриските податоци за отчукувањата на срцето, нивото на стрес и телесна температура биле следени во текот на возењето преку уредот „Емпатика Е4“. На листата биле следните песни: Tycho – Awake, Adele – Hello, The Weeknd – Blinding Lights, Anna Meredith – Nautilus, Kanye West – Fade, Beethoven – Симфонија бр. 9 бо д-мол, оп. 125.
Резултатите покажале дека најефикасно се возело кога се слушала Бетовеновата симфонија. Адел се најде во средината, додека The Weeknd бил погубен за радиусот на движење на електричниот автомобил.
„За само две тестирања, заклучивме дека музиката значително влијае на автономијата на електричните возила“, вели д-р Данкан Вилијамс, надзорник на тестирањето.
„Различни мелодии ја менуваа електродермалната активност и волуменот на протик на крв. Накратко, ако сакате да поминете што повеќе со едно полнење на батеријата, слушајте опуштачки класик како Бетовен“, заклучува Вилијамс.
Секако, овие резултати може лесно да се применат и на класичните возила со мотори со внатрешно согорување, односно бензинци и дизелаши. Видот на музика дефинитивно влијае на вашиот стил на возење, па ако сакате да заштедите гориво, изберете музика за опуштање.