Како Германската сојузна банка пере пари


Германската сојузна банка, односно Дојче Бундесбанк, пере пари и тоа буквално.

Имено, стручњаците кои работат во банката перат, сушат и проверуваaт банкноти.

Во тој процес мора дабидат брзи за банкнотите да не се слепат. Оваа година имаат полни раце работа затоа што многу банкноти стигнаа од поплавените подрачја на западот на Германија, пишува Дојче веле.

Во Германската сојузна банка досега довезени се околу 50 милиони евра. Парите кои поминуваат низ процес на чистење ќе бидат вратени на сопствениците. Оваа услуга која ја нуди банката е бесплатна.

Инаку, Германската сојузна банка е највлијателна членка на Европскиот систем на централни банки. Основана е во 1957 година, коха ја замени Банката на германските земји.

Беше прва централна банка која доби апсолутна независност, за разлика на пример од на Нов Зеланд, на која владата ѝ го одредува курсот на делување.

Германската сојузна држава е многу ценета затоа што успеа да ја контролира инфлацијата во втората половина од минатиот век. Ова германската марка ја направи една од најценетите валути, а Бундесбанк стекна значително индиректно влијание во многу европски земји.