Како е да се вози автомобил среде ураган од категорија 4? Погледнете


Ураганот Ида ги погоди САД, а еден храбар возач одлучи да вози низ погодената област и да сподели снимки од уништувањето предизвикано од ураганот.

Брендон Копик од Луизијана на социјалните мрежи објави видео кое го снимил од автомобилот, а кое го покажува размерот на оваа природна катастрофа.

Лошата видливост, налетите на ветрот уништуваат се пред себе, уривањето дрвја и инфраструктурата се само дел од сцените што тој успеа да ги сними, а подолу може да го погледнете видеото како вози низ погодената област.