Како да го тестирате рокот на траење на сода бикарбона и прашок за пециво
Иако рокот на траење е шест месеци, сепак има неколку трикови за проверка на свежината.
Ако вашите рецепти наеднаш престанат да функционираат, не паничете, веројатно има едноставен одговор: на сода бикарбоната или прашокот за пециво можеби им е истечен рокот. Пред да почнете да правите нешто, проверете го датумот на истекување.
Сода бикарбона и прашок за пециво се некои работи за кои можеби не сте знаеле дека имаат рок на траење. Рок на траење на отворен сад со сода бикарбона или прашок за пециво е околу шест месеци. Но, постојат некои други трикови за да проверите дали сè уште се употребливи.
Тест за прашок за пециво
Ставете една кафена лажичка прашок за пециво во шолја за кафе и додадете 1/3 чаша топла вода од чешма. Ако прашакот почне да бабри, добро е да се користи. Ако не, земете нов.
Тест со сода бикарбона
Во шолја ставете 1/4 лажичка сода бикарбона и додадете две лажички оцет. Исто како прашокот за пециво, ако сода бикарбоната не набабри, таа е стара и треба да се замени.