Како да ги отстраните гребнатинките од очилата? Евтин трик за кој ви се потребни 15 минути


Како да ги отстраните гребнатинките од стаклото? Многу едноставно! Пробајте го овој генијален трик и ослободете се од маките …

Изгребаните очила се голем проблем за некој што треба да носи очила, а не само за естетика. Лицето кое ги носи овие очила ќе гледа уште полошо, а може да се појават и главоболки поради замор на очите.

Ако не сте во можност да купите ново стакло, пробајте докажан трик што ќе ви помогне да ја ублажите штетата на стаклото. Тоа нема да ве чини повеќе од неколку денари, а ќе ви помогне при гребнатини на површината.

Се што ви треба е сода бикарбона и вода. 

Компоненти: 

1-2 лажички сода бикарбона

1 лажица вода

Подготовка: 

Измешајте сода бикарбона и вода во мал сад. Мешајте додека не добиете мазна паста. Нанесете ја смесата на изгребаното стакло и нежно тријте со врвовите на прстите во кружни движења. Обидете се целосно да ја покриете стаклената површина од двете страни. Оставете да отстои десет минути, а потоа добро исплакнете под млаз ладна вода. Избришете го стаклото со крпа од микрофибер за да заблеска!