Како брзо да се симне долниот стомак без вежбање?


Ако ви пречи долниот дел од стомакот и не сте љубител на вежбањето, добрата вест е што можете да влијаете на овој дел од телото на други начини.

Вишокот на долниот дел од стомакот е мака на многу луѓе, а како по некое непишано правило најтешко се ослободува. Понекогаш ви се чини дека колку и да вежбате и да се потите во теретана, масните наслаги не се поместуваат од овој дел од телото, а процесот е уште понапорен доколку не сте љубител на тренинзите.

Па, како да се ослободите од долниот дел на стомакот?

Експертите тврдат дека единствениот начин кој навистина функционира и брзо носи резултати е калорискиот дефицит. Како што тврдат, вашето тело избира само каде ќе ги складира масните наслаги, а единствен начин да ги „стопите“ е да го намалите внесот на калории.

Имајте предвид дека во просек, за нормално функционирање, на жените им требаат 1.200 калории, а на мажите 1.500.

Сепак, исто така е важно да се земе предвид какви калории консумирате, односно, ако го таргетирате долниот дел на стомакот, треба да ги исклучите шеќерите и јаглехидратите воопшто.

Не заборавајте дека и долниот дел на стомакот може да биде последица на надуеност, па затоа е важно да откриете што го предизвикува овој проблем.

Што друго помага во „отстранување“ на долниот дел на стомакот?

Водата е вашиот најдобар пријател, па пожелно е да пиете најмалку литар и половина дневно. Исто така, спијте доволно и вклучете повеќе зеленчук и протеини во вашата исхрана.

Работете и на вашето држење бидејќи на тој начин ќе ги зајакнете и мускулите на грбот, но и стомачните мускули, а за дополнително влијание на пределот на желудникот користете трик.