Кајли Миног по 30 години во Англија се враќа во родната Австралија


Англија- Поп-ѕвездата Кајли Миног (53) потврди дека се враќа во Австралија по 30 години живот во Велика Британија. Таа за Зои Бол на BBC Radio 2 изјави дека „не може да поверува“ во реакцијата на јавноста на веста.

Но, Миног рече дека „секогаш“ ќе сака редовно да ја посетува Велика Британија откако ќе се врати во родната земја.

„Поминав многу време со моето семејство оваа година во Австралија и се чувствував навистина добро и зборувам за тоа подолго време. Не грижете се, нема да бидам странец, порача ѕвездата.

Миног, која се прослави откако се појави во сапуницата „Соседи“,  и имаше огромна успешна поп -кариера со хитови како „Love At First Sight, Can’t Get You Out of My Head, Slow, I Should Be So Lucky и Spinning Around, неодамна беше рангирана на осмото место како најслушана пејачка во 21 век во Британија, според компанијата за лиценцирање музика PPL.

Новиот сингл на пејачката A Second To Midnight, е соработка со ѕвездата на Years & Years, Оли Александар, која неодамна глумеше во драмата It’s a Sin на Канал 4.

„Го снимавме видеото пред неколку недели, што беше супер забавно и едноставно едвај чекам луѓето да го слушнат ова“, рече таа. „[Александар е] толку сладок и прекрасен“.

Миног која се излечи од рак на дојка, својата врска со Пол Соломон (47) , уредник во GQ Men, ќе ја одржува на далечина, иако британските медиуми пренесуваат дека тој повеќето време во годината ќе ја поминува со неа во Австралија.