Јужна Кореја вознемирена од притворањето работници на Хјундаи во САД

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја изрази „загриженост и жалење“ поради притворањето стотици работници во фабриката на Хјундаи во американската држава Џорџија во рамките на акцијата против нелегалната имиграција. Американскиот претседател подоцна ги нарече уапсените – „нелегални странци“.
„Економските активности на нашите компании што инвестираат во САД и правата и интересите на нашите граѓани не треба да бидат неправедно прекршени“, изјави портпаролот на министерството на брифинг.
„Преку Амбасадата на САД во Сеул ја изразивме нашата загриженост и жалење“.
Вчера беше објавено дека американските имиграциски власти извршиле рација во фабриката за електрични возила на Хјундаи во државата Џорџија во четвртокот, при што биле приведени вкупно 475 лица, „претежно“ Јужнокорејци.
Според властите во Џорџија, операцијата е спроведена врз основа на обвинувања за „нелегални практики на вработување и сериозни кривични дела против федералните закони“.