Јога поза за намалување на болките во вратот
Седечкиот начин на живот е сеприсутен во повеќето професии, па дури и кога имаме можност да се движиме, избираме да гледаме во екранот и да продолжуваме да го поминуваме времето седејќи. Последица е болката во вратот, и оваа јога поза значително ќе ја намали.
Јога поза која е одлична за да се спротивстави на држењето што повеќето луѓе го практикуваат цел ден – подгрбавено над компјутерот, гледајќи надолу – е рибна поза со поддршка под вратот. Седечкиот начин на живот води до т.н. “технолошки врат”, што предизвикува честа болка во цервикалниот ‘рбет. Отворањето на градите и рамената и поместување на вратот во спротивна насока може да направи чуда за да ги подобри симптомите на „технолошкиот врат“.
Инструкции за јога позата „риба“ со поддршка под вратот, за да ја намали болката во вратот:
Спуштете се долку преку блок, намотан „јога-подлога„ било тоа да е перница, намотано ќебе, куп книги… Ставете го предметот што го користите директно под торакалниот ‘рбет (дното на предметот треба да го допре долниот врв на лопатките), така што градите ќе се прошират нагоре кон поддржаниот завој. Можете да ги оставите рацете да се релаксираат кон колковите, можете да ги отворите рацете широко во Т-форма или да ги истегнете рацете над главата (секоја опција ќе ги истегне различните делови на мускулите на градите, затоа изберете што сакате или што можете дури и пробајте ги сите три пози). Опуштете се целосно над душекот што го поддржува вратот и ослободете ја контролата на мускулите. Држете се во таа позицијата околу 3-5 минути, земајќи длабоки вдишувања. Оваа вежба можете да ја правите секој ден за да се ослободите од болките во вратот.