Јапонија нарача 120 милиони дози од вакцината на „АстраЗенека“
„АстраЗенека“ и „Нипро корп“ потпишаа договор за испорака на вакцината на британско-шведската компанија во Јапонија.
„Нипро“ соопшти дека договорот е за полнење на дозите во вијали и пакување, што треба да започне следниот месец. Јапонската влада се согласи да набави 120 милиони дози од вакцината „АстраЗенека“, што е доволно за 60 милиони луѓе.
Вакцината беше официјално одобрена во Јапонија во петокот заедно со онаа развиена од „Модерна“.
Јапонија го започна процесот на вакцинација во средината на февруари, подоцна од повеќето големи економии, користејќи увезени дози на вакцината на „Фајзер“. Вакцината на „Модерна“ започна да се користи оваа недела со отворање на центри за масовна вакцинација.
Но, според извештајот на Ројтерс, нема непосредни планови да се користи вакцината на „АстраЗенека“ во Јапонија по долготрајната загриженост покрената на меѓународно ниво поради згрутчување на крвта.