Јадете, а слабеете: Во точно време доручек, ручек и вечера слабеете лесно и брзо
Во колку часот треба да биде појадокот, ручекот и вечерата за полесно да ослабеме? Прочитајте!
При изборот на диета, ние обично следиме што треба да јадеме, а многумина забораваат да ги земат во предвид факторите како што е времето на оброк.Сепак, нутриционистите велат дека појадокот, ручекот и вечерата може да имаат различни ефекти врз губење на тежината, во зависност од тоа во колку часот ги консумираме.
Анализите покажуваат дека најдобро е да појадувате околу 7 часот наутро, ручек помеѓу 12,30 и 13 часот, а вечера помеѓу 18 и 18,30 часот. Според нив, дури и ако вечерата ја поместувате и вечерате во исто време а е по 20 часот, тоа – во просек – додава околу 5 сантиметри во обемот на половината. Кога станува збор за жените, тоа значи дека ви треба фустан – дури и два броја поголем!Истражувачите велат дека главната причина за тоа е потрошувачката на енергија во текот на денот. Во вечерните часови, сите механизми во телото се забавуваат и телото се подготвува за спиење, па се троши помалку енергија.
Деталниот мониторинг откри и кога најмногу „јадеме нешто“, односно кога сме најмногу во искушение да јадеме нешто помеѓу оброците. Тоа е во 9 наутро, 11 наутро и околу 9.30 часот – подгответе здрава ужинка за овие моменти или обидете се да се фокусирате на некои други работи и да не размислувате за храна.