Ја изнервираа Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел се изнервира од однесувањето на премиерите на германските покраини, кои бараат попуштање на мерките воведени поради корона вирусот.
Германски „Билд“ наведува дека на канцеларката ѝ досадиле барањата на некои покраини, па речила во следниот период да не учествува во дискусиите.
Затоа, наведува „Билд“, во следниот период нема да има видеоконференции со премиерите на покраините.
Инаку, канцеларката веќе им попушти на некои покраини, кои бараа попуштање на рестриктивните мерки, па се согласи на сратување на ограничувањето на контактите, што ќе биде воведено на 29 мај, место на 5 јуни.
Германските покраини од самото воведување на мерките се караат околу примената, односно се тркаат кој прв ќе попушти и ќе ги укине.