Извлечен Евроџекпот: Познато од која земја е среќникот кој освои 40 милиони евра


Во 14-тото коло од играта Евроџекпот во Финска беше погодена главната комбинација 5+2 во износ од 40.254.187,60 евра.

Извлечени се броевите 5, 12, 15, 21, 39 – 3, 4 што на играчот од Финска му донесе добивка 5+2 во вредност од 40.254.187,60 евра.

Следното извлекување на Евроџекпот е во вторник на 21 февруари, а главната награда на Евроџекпот е 10.000.000 евра.