Израелскиот претседател му наложи на Jаир Лапид да формира нова влада
Израелскиот претседател Рувен Ривлин го избра опозицискиот лидер Јаир Лапид за да формира нова влада на земјата, јавуваат локалните медиуми, оценувајќи дека со тоа веројатно ќе се стави крај на долгото 12-годишно владеење на Бенјамин Нетанјаху.
Ривлин денеска му го довери мандатот на лапид, откако Нетанјаху не успеа синоќа до полноќ да состави владејачка коалиција во предвидениот рок од 28 дена.
Според шефот на државата, Лапид има најголеми шанси да формира коалиција за состав на следната влада на земјата.