Израелската армија уби пет новинари тврдејќи дека се терористи
Израелската војска потврди дека извршила напад врз јасно обележано медиумско возило во Газа, при што загинаа пет новинари кои работеа за палестинскиот ТВ канал Ал-Кудс Тудеј.
Израелската армија, како и обично, тврди дека мета била „терористичка ќелија“.
Армијата која уби десетици палестински новинари за време на војната во Газа соопшти дека луѓето кои биле цел на нападите припаѓаат на вооружената група на Палестина, Исламски џихад.
Five media workers lost their lives in an Israeli airstrike that targeted a bus for the press in front of Al-Awda Hospital in Nuseirat in the central Gaza Strip, they are:
Fadi Hassouna
Ibrahim Al-Sheikh Ali
Mohammed Al-Ladah
Faisal Abu Al-Qumsan
Ayman Al-Jadi pic.twitter.com/uy5DosZIcI— Quds News Network (@QudsNen) December 26, 2024
Сепак, не се обезбедени докази за поддршка на ова тврдење.
Новинарите спиеле во комбе пред болницата Ал Авда во бегалскиот камп Нусиерат, кога во раните утрински часови биле цел на воздушен напад.