Израел има огромни залихи вакцини, а планира набавка на уште 36 милиони

Власта во израел уште не одлучила за предлогот да потроѓат 1,05 милијарди долари на набавка на уште 36 милиони дози вакцини против корона вирус. Тоа е многу повеќе од она што ѝ треба на оваа држава, која предничи по вакцинација во зветот и каде живото полека се враќа на нормала.
На тој начин Израел би имал повеќе од 60 милиони вакцини, што е речиси седум пати повеќе од бројот на жители во земјата и што е доволно за вакцинација на 30 милиони луѓе.
Но, додека власта се расправа околу тоа дали на Израел му се потребни на дополнителни 36 милиони дози, се покажа дека постојат повеќе проблеми со 27 милиони дози кои Израел веќе ги набави.Досега Израел има искористено 10 милиони дози вакцини, а неискористени се 17 милиони.
Генералниот сметководител во Министерството за финанции Јали Ротенберг прати писмо неделава до генералниот директор на Министерството за здравство Чези Леви. Тоа следеше откако се покажа дека Министерството за здравство, спротивно на договорите за набавка на вакцини, постапувало тајно, без известување на Министерството за финансии.
Во писмото на Ротенберг наведува три специфични проблеми во однесувањето на Министерството за здравство.
Првата се однесува на одлуката на премиерот Бенјамин Нетанјаху да прати вакцини на „Модерна“ во странство на пријателски земји како Чешка, Руанда, Хондурас и Гватемала. со што е прекршен договорот на Израел со „Модерна“.
Министерството за здравство послушно ја извршило наредбата на Нетанјаху, а министерството признава дека „Модерна“, по сознанието, ги сопрела новите испораки на вакцини кон Израел. Подоцна Министерството за здравство побарало дозвола од „Модерна“ за употреба на вакцините против корона вирус за Палестинците кои работат во Израел.
Втората жалба на Ротенберг била тоа што Израел од „Фајзер“ примил повеќе дози вакцини отколку што се платени и тоа без обврска да ги плати. Проблем е , како што признава и самото Министерство за здравство, затоа што сите договори со „Фајзер“ се направени усно, без известување на главниот сметководител.
Третото прашање кое е проблематично за Ротенберг е посветеноста на Министерството за здравство кон „Фајзер“, односно дека Израел ќе ја користи само нивната вакцина додека земјата не постигне колективен имунитет.
Министерството за здравство го признава само ова тврдење и тоа делумно.
Овие прашања ја зголемуваат загриженоста во врска со намерата на Израел да потпише договор за набавка на уште 36 илиони дози вакцини. Сепак, остануваат неискористени 17 милиони вакцини од „Модерна“ и „АстраЗенека“. Зошто не би се користеле тие вакцини, од Министерството за здравство нема одговор.