Изнајмени простории во „Џевахир скај сити“ за кабинетот на Иванов


Фото: Б.Грданоски

Изнајмени се простории во комплексот висококатници „Џевахир скај сити“ за кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, соопштија од компанијата.

Како што е соопштено, помеѓу компанијата Турмак АД – Подружница Скопје и Службата за општи и заеднички работи на Република Северна Македонија е склучен договор за закуп и користење на опремен службен простор за потребите на Кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов.

-Договорот е склучен во времетраење од една година и е во сопственост на компанијата Турмак. Според договорот, месечниот закуп за 274 м2 деловен простор изнесува 1950 евра, наведуваат од компанијата.