Измените на Кривичниот закон подобри за осудените од аболицијата на Иванов
Адвокатот Миле Наумовски ја повлекол иницијативата до Врховниот суд за правно толкување на помилувањата на поранешни функционери, издадени од поранешниот претседател Ѓорге Иванов, затоа што неодамна донесените измени во Кривичниот законик предвидуваат многу пониски казни за актуелни, но и поранешни функционери.
– Веќе не гледам потреба Врховниот суд да одлучува по ова прашање. Ја повлеков иницијативата затоа што законодавецот со измените на Кривичниот законик го стесни полето за примена на членот 353. Во најголем дел беше обработен овој член, додека аболицијата беше ставена на крајот – изјави Наумовски.
Тој иницијативата ја поднел на 23 јуни, но Врховниот суд соопшти дека таа постои дури три месеци подоцна, преку соопштение кое беше објавено на неговата официјална веб-страница.