Изгоре автомобилот „Брабус“ на јутјуберот Бака Прасе вреден 500.000 евра


Изгорениот автомобил на Бака Прасе

 

На популарниот српски јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, утрово му изгоре скапиот автомобил „Брабус“ во белградската луксузна населба Белград на вода, каде што живее. Порталот „Нова.рс“ дојде до фотографии од автомобилот, а како што можете да видите, возилото е целосно уништено.

Во пожарот нема повредени. Сè уште не е познато како започнал пожарот.

Полицијата направила истрага, но засега не објавила ништо за пожарот. Она што е познато е дека поради висината на возилото, не било можно автомобилот да биде сместен во гаражата.

Како што рече Илиќ претходно, овој автомобил вреди дури половина милион евра.

Јутјуберот Богдан Илиќ е познат на пошироката јавност по своите видеа кои бележат рекордни прегледи.