Избори на губитници


ФЛОРИЈАН БИБЕР

Само еден човек победи на изборите во Србија – Александар Вучиќ. ЕУ сега треба да размисли како ќе соработува со власт која има апсолутна и неконтролирана моќ. Една од можностите е да ги суспендира преговорите за пристапување

 

Се чини дека една личност победи на изборите. Неговото лице беше насекаде, неговото име беше на гласачкото ливче, иако не како кандидат, а виртуелните митинзи доминираа со него. Александар Вучиќ е очигледен победник на парламентарните избори во Србија минатата недела.

Иако не се кандидираше на изборите, а претседателот официјално треба да биде над партиската политика, беше јасно дека победата на Вучиќ е апсолутна. Неговата партија освои 62 проценти од гласовите и 191 место од 250 во парламентот, 76 отсто од мандатите. Големото мнозинство ја отвора вратата за уставни измени што ќе му овозможат на режимот, како во Унгарија, да го прилагоди уставот за потребите на владејачката партија.

Неговиот долгорочен коалициски партнер, социјалистите и нивните сојузници добија 10,4 проценти и 32 места, а Српскиот патриотски сојуз на градоначалникот на Нов Белград, Александар Шапиќ, освои 11 места, која едвај го помина прагот од 3 проценти со 3,64 отсто. Прагот беше спуштен од 5 отсто само неколку недели пред изборите, во транспарентен напор на владејачката Српска напредна партија (СНС) за зајакнување на застапеноста на малите партии во парламентот за да ги ослабат ефектите од опозицискиот бојкот.

Останатите 16 места ги држат малцинските партии, кои имаат помал праг. Единствената опозиција во српскиот парламент се двајца албански пратеници од мнозинските албански општини Бујановац и Прешево, бидејќи малцинските партии соработуваа со претходните влади на напредњаците, а Шапиќ исто така не се спротивстави на владата.

Опозицијата исто така изгуби. Додека излезноста веројатно беше пониска од официјалните бројки, според независната мониторинг НВО ЦРТА околу 48 проценти, што значи 8 до 9 проценти пониска од претходните парламентарни избори во 2016 година. Ова е мал пад, што не можеше да ѝ се припише единствено на опозицијата, туку и на Ковид-19 и апатијата на гласачите. Јасно е дека главниот обид на режимот беше да се засили учеството на гласачите, бидејќи повеќето нерегуларности што ЦРТА ги забележа беа во насока на зголемување на бројот на гласачите.

Опозицијата што бојкотираше успеа да ја делегитимизира опозицијата што учествуваше, како што е Движењето на слободни граѓани предводено од Сергеј Трифуновиќ, кое успеа да добие само 1,5 отсто од гласовите или Обединетата демократска Србија со помалку од 0,9 проценти.

Во исто време, опозицијата што ја бојкотираше е далеку од обединета. Некогашната голема Демократска партија е растресена од судири, вклучително и тепачка во седиштето на партијата на денот на изборите помеѓу различните крила. Инаку, опозицијата е комплициран сојуз помеѓу екстремно десничарската Двери, непопуларните фракции кои станаа партии на претходно владејачката Демократска партија и неколку други групи. Сега надвор од парламентот, отсечена од финансирањето, без јасна стратегија и малку меѓународни сојузници и контакти, на опозицијата ѝ претстои тешко време.

Заедничката изјава на високиот претставник Жозеп Борел и комесарот за соседство и проширување, Оливер Верхеи беше неверојатно критична, забележувајќи ограничен избор за гласање и доминација во медиумите на владејачката партија.

Европските партии реагираа, изненадувачки по партиските линии. Социјалистите и прогресивците правилно ги нарекоа изборите како исмејување на демократијата и бараа забавување во пристапувањето, додека Доналд Туск од Европската народна партија ѝ честиташе на својата партиска придружничка СНС, само забележувајќи дека „повеќе моќ, поголема одговорност“.

Процесот на проширување е сериозно компромитиран од изборите. Србија преговара за пристапување повеќе од шест години, во истиот период во кој демократијата и владеењето на правото се повлекува од секој индикатор и сите организации што ја следат демократијата на глобално ниво, вклучително и Фридом Хаус, Индексот за трансформација на Бертелсман, Институт ВДем и Индекс на демократијата на „Економист“.

Уште во 2014 година, ЕУ најпрво го игнорираше авторитаризмот на владата на Груевски и истребувањето на опозицијата. Само скандалот со прислушувањето за 2015 година предизвика поиздржан ангажман во ЕУ. Ризик е дека во Србија политичките алтернативи ќе станат повеќе евроскептични, бидејќи тие ја гледаат владата поддржана од ЕУ и нејзините земји-членки и како многу од партиите веќе денес се спротивставуваат на европската интеграција.

Обновениот ангажман во ЕУ бара неколку компоненти, имено значајно посредување меѓу владата и опозицијата за тоа како да се врати опозицијата во политичкиот процес заснован на решавање на некои од најсериозните демократски ограничувања. Понатаму, мисија за владеење на правото, како што е извештајот на Прибе, изготвен во 2015 година од независни експерти кои ќе ги идентификуваат недостатоците и приоритетите за реформите, и процес што следи.

Семејствата на европските партии треба да работат заедно на нивната проценка за демократијата наместо да ја направат демократијата партиско прашање на Западен Балкан. Заедничките партиски изјави и медијацијата од страна на европратениците од најголемите европски партии ќе го намалат ризикот за дополнително олеснување на авторитаризмот олеснет од партиската поделба.

Конечно, новата методологија, воспоставена од Европската комисијата како одговор на ветото на Франција за разговорите за пристапување со Северна Македонија и Албанија, нуди дополнителни алатки за да изврши притисок врз кандидатите за пристапување. Таа им дозволува на земјите-членки да ги стават преговорите во некои области во мирување и повторно да отворат затворени поглавја, како и да ги преиспитаат финансирањето и другите придобивки од соработката. Најсериозната опција би значела целосно прекинување на разговорите за пристапување.

Додека втората опција може да биде контрапродуктивна во моментот, добро би било да се земат предвид некои од привремени мерки. Суспендирањето на разговорите за пристап, сепак, треба да биде веродостојна закана, освен ако српската влада не направи некои јасни и проверливи чекори за враќање на демократските институции. Со оглед на алатките, ЕУ сега има на располагање да инсистира на основните вредности на ЕУ во разговорите за пристапување, а ако не ги искористи нив ќе го зацементира изборниот резултат како изгубена можност за Србија и ЕУ.

(Флоријан Бибер е професор по историја и политика на Југоситочна Европа на Универзитетот во Грац, Австрија. Текстот е објавен во „Јуропиан вестерн Балканс“)