Избегнете мамурлак: Ова овошје го победува алкохолот
За многумина алкохолот е „издувен вентил“ и можност за опуштање со добра причина. Проблемот настанува, следниот ден, кога ќе ве обземе мамурлак.
Мамурлакот обично е придружен со комбинација на главоболка, жед, аверзија кон храна, гадење, дијареа, замор…
Идеално решение за мамурлак е чај од ѓумбир или нане, многу вода и лек за главоболка.
Сепак, сето тоа го консумираме за време на мамурлак, односно кога „штетата е веќе направена“.
Ако сакате да спречите мамурлак, експертите препорачуваат да јадете круша пред да почнете да пиете алкохол.
Можеби ви изгледа неверојатно, но излегува дека крушите можат да го спречат мамурлакот и да го намалат нивото на алкохол во крвта.
Откриено е дека крушите го намалуваат холестеролот, го ублажуваат запекот и имаат антиинфламаторно дејство, пишува „YourTango“.
„Вкупната тежина на мамурлакот, мерена на скала на симптоми од 14 точки, беше значително намалена кај групата која земала круша пред да консумира алкохол, во споредба со оние кои примале плацебо“, вели нутриционистот Алиса Челини.
„Студиите во моментов ја истражуваа само корејската (или азиската) круша, која долго време беше традиционален лек против мамурлакот. директорот за истражување на CSIRO“, Мани Ноакс. Исто така, нашите домашни круши помагаат „денот потоа“ да биде поподнослив.