Ивица Дачиќ итно хоспитализиран со двојна пневмонија
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, бил итно хоспитализиран во Универзитетскиот клинички центар на Србија, објави „Нова“.
Како што дознава „Нова“, Дачиќ бил сместен во УКЦ поради проблеми што ги имал со здравјето во претходните денови.
Локалните медиуми објавуваат дека му е дијагностицирана двојна пневмонија и дека неговата состојба значително се влошила во последните неколку часа. Министерот за внатрешни работи наводно е поврзан на апарати.
Дачиќ веќе некое време страда од дијабетес.