Италија вратила 23 милиони долари украдени од првата „Бонд девојка“
Италијанската финансиска полиција заплени средства во вредност од околу 20 милиони евра во истрага за финансиска измама насочена кон швајцарската актерка Урсула Андрес, најпозната по улогата во првиот филм за Џејмс Бонд, „Д-р Но“. Се верува дека средствата се стекнати преку кривични дела за перење пари извршени против актерката, соопшти Финансиската управа во четврток.
Заплената вклучува луксузен селски имот во Сан Кашијано во Вал ди Пеза, на периферијата на Фиренца, со лозја и маслинови градини, како и уметнички дела и други финансиски средства, додаде полицијата. Андрес поднесе кривични пријави во Швајцарија, тврдејќи дека била жртва на измама од луѓе кои управувале со нејзините финансии преку серија „екстремно непроѕирни“ трансакции, соопшти Финансиската управа.
На врвот се најде во 1960-тите
Истрагите во Италија и Швајцарија идентификуваа „значајни врски“ помеѓу некои од овие трансакции и Италија, особено областа Фиренца, што ги натера италијанските власти да интервенираат, се вели во соопштението.
Андрес, чија кариера го достигна својот врв во 1960-тите со улоги покрај Елвис Присли, Дин Мартин, Марчело Мастројани, Жан-Пол Белмондо и Питер Селерс, минатата недела наполни 90 години.

