ИТ компанијата TestDevLab отвори канцеларија во Македонија


 ИТ компанијата TestDevLab ја отвори својата прва канцеларија во Скопје. Во моментот, компанијата има 55 вработени од земјава, а планира да привлече и нови инженерски таленти. Компанијата започна со активности за вработување во Северна Македонија минатата година откако основа подружница за да им понуди на вработените исти социјални права и придобивки како што имаат другите вработени во другите земји каде што оперира компанијата.

Во моментот, TestDevLab има шест канцеларии во Летонија и вработени што работат на далечина од Албанија, Азербејџан, Бугарија, Естонија, Казахстан, Полска, Романија, Шпанија, Турција и од други земји. Компанијата и понатаму вработува програмери на софтвер и инженери за тестирање софтвер.

Андрејс Фришфелдс, коосновачот на TestDevLab, за проширувањето на дејностите на компанијата во Северна Македонија изјави:

 „Пред неколку години, започнавме да бараме вработени во странство затоа што почнавме да се развиваме со многу брзо темпо. На почетокот од минатата година, успеавме да привлечеме голем број на професионалци од Северна Македонија и бројот на вработени започна значително да расте штом отворивме подружница во земјава и ги проширивме маркетиншките кампањи. Во Северна Македонија очекуваме да привлечеме уште повеќе луѓе кои ќе ни се приклучат и го цениме нивното академско и практично знаење.“

Исто така, организацијата за ИТ-едукација, TDL School, која е основана од TestDevLab, стана многу популарна во Северна Македонија. Оваа организација нуди бесплатни и платени курсеви за тестирање софтвер, како и курсеви за програмирање.