Истрага против лидерот на Сириза, имал компанија во странство
Атинското обвинителство нареди истрагата против претседателот на главната опозициска партија Сириза, Стефанос Каселакис, поради тоа што е сопственик на компанија во Делавер, САД
Под микроскопот на властите, се очекува да се стигне до кривичното дело прекршување на законот кој им забранува на партиските лидери да поседуваат фирми во странство.
Повод за прелиминарното испитување беше разоткривањето на на порталот „Њуз 24/7“, по што сега обвинителството проверува дали и во колкава мера има прекршувања околу изјавата на Стефанос Каселакис.
Интервенцијата на обвинтелството предизвика и реакција на Сириза, при што партиски извори коментираат дека Каселакис никогаш не ја криел својата деловна активност, како и дека сите свои акции ќе ги префрли од фирми од странство.
Од партијата забележуваат дека Каселакис, неговите соработници и адвокати ќе ја разгледаат правната рамка бидејќи имало поделеност околу тоа дали како вонпарламентарен лидер потпаѓа под законот од 2016 година, кој им забранува на политичките личности и партиските лидери да држат компании во странство. „Тој никогаш не ја криел својата деловна активност и неговите фирми за разлика од семејството Мицотакис немаат врска со офшор зони кои директно се однесуваат на даночно затајување. Секоја негова активност е оданочена на 50% во САД“, велат од Сириза.