Историски пад на потрошувачката на пиво – како кон крајот на педесеттите
Во Германија минатата година драстично се намалила потрошувачката на пиво, односно купено е толку малку како кон крајот на 1950-тите.
Додека потрошувачката на пиво по глава на жител во Германија изнесувала 92 литри, таа минатата година паднала на 88 литри, соопшти Сојузот на германски пиварници.
Главна причина за намалувањето на потрошувачката на пиво е во затворањето на ресораните и баровите поради епидемиолошките мерки.
Последен пат толку малку пиво е испиено во 1958 година, кога по глава на жител се испиле 90 литри.
„Ситуацијата е драматична“, подвлече директорот на Здружението Холгер Ајхеле во изјава за Франкфуртер алгемајне цајтунг.